Am-ѕвездаAm-ѕвезда или металнолиниска ѕвезда — вид на хемиски необична ѕвезда од типот A чиј спектар има силни и често променливи впивни линии на метали како цинк, стронциум, циркониум и бариум, а сиромашен е со други како калциум и скандиум. Според првичната дефиниција, Am-ѕвезда е класа каде ѕвездата покажува „површински недостаток на Ca (и/или Sc) и/или изобилство на Fe-групата и потешки елементи“.[1] Поради необичната релативна застапеност, спектралниот тип зададен според калциумските K-линии е систематски претходен на оној определен според други метални линии. Спектралниот тип одреден чисто од водородните линии типично е среден. Ова води до доделување на два или три спектрални типа. На пример, Сириус има спектрален тип kA0hA0VmA1, што укажува дека е A0 кога се гледа по K-линијата, A0V од водородната линија и A1 по линиите на тешките метали.[2] Постојат и други формати; на пр. A0mA1Va за Сириус.[3][4] Хемиските неправилности се должат на некои елементи кои впиваат повеќе светлина што се истиснува кон површината, а други тонат под сила на гравитацијата. Овој ефект е на сила само ако ѕвездата има мала вртежна брзина.[5] Ѕвездите од типот A обично се вртат брзо. Највеќето Am-ѕвезди се дел од двоен систем каде вртењето на ѕвездите е забавено од плимно кочење.[5] Најпозната ѕвезда со метални линии е Сириус (α Големо Куче). На следнава табела се претставени други такви ѕвезди, по надолен редослед на привидната величина. Список
δ Делфин и ρ КрмаМал број на Am-ѕвезди покажуваат необично доцни спектрални типови и особено силни сјајносни ефекти. Иако Am-ѕвездите начелно имаат абнормални сјајностни ефекти, ѕвездите како ρ Крма се сметаат за поразвиени и посјајни од највеќето Am-ѕвезди, и сместена е над главната низа. Am-ѕвездите и променливите од типот на δ Штит се наоѓаат на исто место на ХР-дијаграмот, но ретко е една ѕвезда истовремено да биде Am-ѕведа и променлива од типот на δ Штит. Два примера се ρ Крма и δ Делфин.[2] Неколку автори споменуваат класа наречена ѕвезди од типот на δ Делфин, Am-ѕвезди но со релативно мала разлика меѓу калциумот и другите метални линии. Споредени се и со ѕвездите од типот на δ Штит. Подоцнежните истражувања покажале дека групата е донекаде нееднородна, можеби коинцидентна, и препорачуваат замена на класата δ Делфин во полза на поуточнета класа на ѕвезди од типот на ρ Крма со релативно голема сјајност и доцни спектрални типови.[2][11] Меѓутоа, сè уште понекогаш доаѓа до забуни, на пример кога сите ѕвезди од типот на ρ Крма се сметаат за променливи од типот на δ Штит.[12] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia