Модулација![]() Модулацијата — процес во кој информацискиот сигнал менува друг сигнал со повисока честота, таканаречен носител, за да се овозможи пренос на информацијата. Носителот или носечката честота обично е синусоиден бран генериран во осцилатор. И носителот и информацискиот сигнал се воведуваат во модулаторот, и тука информацискиот сигнал на некој начин го менува носителот. Модулираниот носител тогаш е засилен и испратен во систем за пренос (антена или кабел). Во приемникот се прима модулираниот сигнал кој потоа е засилен и обработен. Се праќа во демодулаторот на чиј излез се добива оригиналниот информациски сигнал. Можни облици на модулацијаДа го разгледаме математичкиот израз за синусоидниот бран: v = Vp sin(2πft+θ) или v = Vp sin(ωt+θ) каде
Од ова може да видиме дека постојат три начини на модулација, зависно од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудна, честотна и фазна модулација. Амплитудна модулацијаКај амплитудната модулација (АМ), информацискиот сигнал ја менува амплитудата на носителот, додека честотата останува постојана. Комерцијалните радио-станици на долги, средни и кратки бранови главно користат амплитудна модулација. Тоа е најстариот начин на модулација. Честотна модулацијаЧестотната модулација (ФМ) ја менува честотата на носителот во одреден опсег, додека неговата амплитуда останува константна. Комерцијалните радио-станици кои работат во опсегот на ултракратки бранови (УКБ) користат честотна модулација. Се користи и за пренос на звук во телевизиски систем. Фазна модулацијаФазната модулација ја менува фазата на носечката честота, а притоа прави и честотна модулација на носителот. Заради тоа модулираниот сигнал е сличен на честотно модулираниот сигнал. Честотната и фазната модулација се форми на аголна модулација (англ. angle modulation). Погледај иЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia