Честотна модулација![]() Честотна модулација или фреквенциска модулација[1][2][3][4] (ЧМ или FM) — вид на аголна модулација при која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Замавот на носечката честота е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации. Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата. Честотна или фазна модулација?Честотната и фазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без промена на честотата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот директно се менува. Ако директно се менува честотата, а индиректно фазата, станува збор за честотна модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно честотата, станува збор за фазна модулација. ПрименаКомерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат честотната модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во безжичниот телевизиски систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи. Предност на честотната над амплитудната модулација во радиокомуникациите е поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е зафаќање на поголем честотен опсег. Можни облици на модулацијаДа го разгледаме математичкиот израз за синусоиден бран: v = Vp sin (2πft+θ) или v = Vp sin (ωt+θ) каде
Од изразот може да се види дека постојат три начини на модулација во зависност од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудната, честотната и фазната модулација. ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia