Монетарни агрегатиМонетарните агрегати претставуваат оперативни дефиниции на паричната маса. Притоа, паричната маса се дефинира како збир на инструменти кои ги вршат функциите на парите.[1] Утврдувањето на паричната маса и другите монетарни агрегати се разликува во секоја земја. Монетарни агрегати на ЕЦБЕвропската централна банка користи три дефиниции на монетарните агрегати: М1, М2 и М3.[2] Во најтесната дефиниција на парична маса (М1) влегуваат:
Во пошироката дефиниција М2, покрај М1, влегуваат и:
Во најшироката дефиниција М3, покрај М2, влегуваат и:
Притоа, депозитите со рочност над две години не влегуваат во ниту еден монетарен агрегат. Првиот столб на монетарната политика на ЕЦБ опфаќа анализа на движењето на монетарниот агрегат М3. Притоа, за монетарниот агрегат М3 се објавува неговата референтна вредност. Агрегатот М3 се користи затоа што тој претставува добар индикатор за инфлацијата на среден рок, како и поради неговиот стабилен однос со цените и со другите макроекономски агрегати. Поради тоа што референтната вредност не претставува монетарен агрегат, ЕЦБ не реагира механички при секое отстапување на М3 од референтната вредност, бидејќи врската меѓу парите, цените и економската активност (позната како трансакциона брзина на оптокот на парите) е стабилна на долг рок, а на краток рок е помалку стабилна, т.е. треба да се утврди од каков карактер се промените (привремени или постојани).[3] Монетарни агрегати во САДФЕД користи четири монетарни агрегати: М1, М2, М3 и најширокиот агрегат кој ФЕД го обележува со Л, а одговара на монетарниот агрегат М4 кој го користат другите централни банки. Во најтесната дефиниција на паричната маса – М1 влегуваат:[4]
Монетарниот агрегат М2 ги вклучува монетарниот агрегат М1 и инструментите кои се близу парите (Near money), како: штедните влогови, еднодневните репо-трансакции, заедничките фондови и другите орочени депозити кај кои може да се раскине договорот за орочување. Овие средства се помалку ликвидни од М1, но можат многу лесно да се претворат во пари. Во дефиницијата на М3, покрај М2 влегуваат уште и:
И во најшироката дефиниција која ја користи ФЕД (Л) влегуваат:[5]
Монетарни агрегати во Велика БританијаЦентралната банка на Велика Британија ги дефинира монетарните агрегати на следниов начин: Најтесниот монетарен агрегат М1 ги опфаќа:
Дефиницијата за монетарниот агрегат М2, покрај М1, ги опфаќа и:
Агрегатот M4 е мерка за количината на понудата на пари која ја користи Банката на Англија. Во Обединетото Кралство, оваа мерка (M4) вклучува: валути (банкноти и монети), средствата на банкарските сметки, депозитите во стерлинг, обврзниците, побарувањата од монетарните финансиски институции кои произлегуваат од репо-трансакции и други категории. Во декември 2020 година, вредноста на вкупната понуда на пари (М4) достигнала скоро 2,82 билиони британски фунти.[6] Монетарни агрегати во МакедонијаПо осамостојувањето, во 1994 година Народната банка на Република Македонија изработила сопствена методологија во дефинирањето на монетарните агрегати. Најтесниот монетарен агрегат (М1) ја претставува потесната парична маса, која ја сочинуваат: готовите пари во оптек и депозитните пари (тековните сметки на населението и жиро-сметките на правните лица). Вака дефинирана парична маса се раководи од трансакциониот пристап, односно, во паричната маса влегуваат само парите кои се директно средство за плаќање.[7] Следен е монетарниот агрегат М1.1 кој го сочинуваат: монетарниот агрегат М1 и депозитите по видување во денари. Со агрегатот М1.1 се отстапува од трансакциониот пристап, поради тоа што со денарските депозити по видување не може да се извршат директни плаќања.[8] Поширокиот монетарен агрегат е М2, во чија дефиниција влегуваат: монетарниот агрегат М1 и квазидепозитите (денарските депозити орочени до една година, девизните депозити по видување и девизните депозити орочени до една година). Почнувајќи од јуни 2018 година, монетарниот агрегат М3 претставува меѓународно усогласена дефиниција на паричната маса на Македонија. Тука влегуваат: монетарниот агрегат М2 и ограничените депозити (депозитите што можат да се користат строго само за определена намена, како средствата за акредитиви или дознаки, за добивање на банкарски гаранции и сл).[9] Последен и најширок монетарен агрегат е М4, кој се пресметува и објавува за аналитички цели. Тој го претставува вкупниот депозитен потенцијал на монетарниот систем и се добива како збир на: монетарниот агрегат М3 и немонетарните депозити (денарските и девизните депозити што се орочени над една година). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia