Морето на мразот (Каспар Давид Фридрих)
Морето на мразот , Das Eismeer (1823–1824), е слика во масло што прикажува бродолом во Арктикот од германскиот романтичарски сликар Каспар Давид Фридрих. Пред 1826 година оваа слика била позната како 'Поларното море'.[1] Делото за прв пат било изложено на изложбата на Академијата во Прага во 1824 година со наслов „Идеализирана сцена на арктичкото море, со уништен брод на натрупаните маси на мраз“. Се смета за едно од Ремек-делата на Фридрих, радикалната композиција и темата биле невообичаени за тоа време, а делото наишло на неразбирање. Сликата сè уште била непродадена кога Фридрих починал во 1840 година. Моментно е во Уметничка галерија во Хамбург, Германија. За Каспар Давид ФридрихКаспар Давид Фридрихе роден на 5 септември 1774 година во Грајфсвалд, Германија. Тој пораснал како протестант. Фридрих започнал да учи уметност кај учител по цртање од Универзитетот во Грајфсвалд по име Јохан Готфрид Квисторп. Тој продолжил да студира на Академијата за Skønne Kunster во Копенхаген, Данска од 1794–1798 година. По ова Фридрих студирал на Универзитетот за ликовни уметности во Дрезден, Германија. Фридрих одлучил да го живее остатокот од својот живот во Дрезден каде што починал на 7 мај 1840 година. РомантизамРомантичното движење се појавило на крајот на XVIII век. Романтизмот беше и уметничко движење и пристап кон животот. Ги отфрлило просветителството идеите за рационализам и интелект во корист на религијата, емоциите и културата. Главна тема во романтизмот е фокусот на природата како тема. Во 19 век, многу Германци биле заинтересирани за Арктикот, вклучувајќи го и Фридрих. Во германскиот романтизам Северот се сметаше за позитивна работа додека класичниот југ беше негативна работа. Фридрих и романтизмотКако и многу други сликари во 19 век, Фридрих решил да се фокусира на пејзажите како главни теми на неговите слики. Стилот на Фридрих се смета дека се вклопува во категоријата романтизам поради неговите слики на природата. Неговата цел била да ги замисли сликите според неговото доживување, размислување. Преку своите слики, Фридрих се обидел да го прикаже духовното и религиозното значење на природата. Фридрих е познат по тоа што создава духовно значење во многу негови слики. ИсторијаКолекционерот Јохан Готлоб фон Квант нарачал две слики кои требало да го симболизираат југот и северот. Јохан Мартин фон Роден доби налог да ја наслика „Јужна природа во нејзиниот изобилен и величествен сјај“, додека комисијата за Северната природа во целата нејзина застрашувачка убавина била доделена на Фридрих. Меѓутоа, како што Василиј Жуковски објави во писмо од 1821 година, Фридрих – ни самиот не знаел што ќе наслика; го чекал моментот на инспирација, кој (со негови зборови) повремено доаѓа во сон. Опис„Морето на мраз“ е компонирано во едно од ателејјата на Фридрих во близина на Дрезден. Оваа слика е јасно базирана на Арктикот, иако Фридрих никогаш не го посетил .Се претпоставува дека Фридрих го стекнал своето знаење за Арктикот од експедицијата на Вилијам Едвард Пари. Но, бидејќи имаше повеќе извештаи и написи за Арктикот во Германија, никогаш не беше потврдено дека Фридрих ја искористил експедицијата на Пари за да го наслика „Морето на мразот“. Фридрих исто така стекнал знаење за ледените брегови преку проучувањето на Елба. „Морето на мразот“ го претставува она што Фридрих верува дека изгледа Арктикот. Во преден план на сликата има мал леден брег слоевит еден врз друг, ледените брегови се згмечени заедно за да формираат кула од мраз. Овие ледени брегови се многу големи и сугерираат дека нешто страшно се случило. Веднаш до овој масивен мраз е заробениот брод е мал детал што не е тема на сликата. Тоа е бродлом[2]. АнализаПотонатиот брод во „Морето на мразот“ укажува на идејата дека природата секогаш ќе биде супериорна во однос на луѓето. Мразот е место на смртта и природата секогаш ќе го победи секој што ќе се обиде да навлезе во неа. Како дете, Фридрих доживеал трауматично искуство во кое бил вклучен неговиот брат Јохан Кристофер, кој на 8 декември 1787 година паднал низ мразот на водена површина и починал. Некои научници шпекулираа дека искуството на Фридрих можело да влијае на оваа слика. Постои теорија дека Фридрих го насликал ова парче како коментар за Германија. Исто како што бродот е замрзнат во мраз, Германија се смета за замрзната пустелија политички без надеж за подобрување. Делото можеби е инспирирано од Теодор Жерико Сплавот на Медуза (1818–19). Работата на Фридрих ја дели со онаа на Жерико слична композициска рамка и мрачна метафорична перспектива во однос на непростливото море. Трагедијата претставена во „Медуза“ е човечка одговорност без разлика на околината, додека „Морето на мраз“ претставува попесимистичка порака, а трагедијата е резултат на дрскоста на човештвото во неговите обиди да ја совлада природата. ВозвишеноТеоријата за возвишеното ги комбинира емоцијата на ужас и задоволство.Главните теоретичари на возвишеното се Едмунд Бурк, Имануел Кант, и Фридрих Шилер. Природата отсекогаш била поврзана со идејата за возвишеното. Кон крајот на 18 век, сликите на Арктикот биле поврзани со возвишеното. Сепак, имало дебата за тоа дали сликата „Море од мраз“ припаѓа или не на категоријата на возвишеното. Парчињата мраз може да пренесат опасност, но можат да се гледа како убавина. Една од причините зошто се водеше дебата за тоа дали оваа слика одговара или не на возвишеното е тоа што не е јасно дали гледачот навистина може да биде дел од сликата, што е главна елемент на возвишеното. Влијание![]() ![]() Сликата била поздравена од критичарот Расел Потер како клучен пример на „Арктичко возвишено“ и влијание врз подоцнежните поларни слики од деветнаесеттиот век. Сликата го инспирираше делото на Пол Неш од 1941 година Мртво Море (Мртво Море). Архитектот Томас Мејн упатува на „Море од мраз“ како основно влијание врз неговиот пристап кон динамичниот однос помеѓу архитектурата, пејзажот и природата. Можеби послужи како инспирација за Операта во Сиднеј. Надворешната, слободно лебдечка скулптура „Таа лежи“ од Моника Бонвичини е тридимензионална интерпретација на оригиналната слика на Фридрих инсталирана во Фјордот Осло до Осло Операта[3]. Надворешни врски
Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia