Мраморна патка
![]() Мраморната патка (Marmaronetta angustirostris), е средна по големина и спаѓа во видот на нуркачки патки. Овие патки живеат во голем број на Средоземјето, но сега најчесто ги има во јужна Шпанија, северозападна Африка и во Израел. На исток живееат во мочуриштата на Месопотамија на југ во Ирак и во Иран ова се најважните живеалишта за овој вид патки, но, исто така, ги има на изолирани места во Турција, Ерменија, Азербејџан, Ирак и далеку на истокот во западна Индија и западна Кина[1]. Ги има и во Македонија. ОписМраморната патка е долга од 39 до 42 сантиметри. Возрасните се бледо песочно-кафена боја со сиви дамки, темни очни капаци и влакнеста глава. Малечките се слични со појаки сиви дамки. Во лет крилјата се светли, без карактеристичите дамки.[2] ПоведениеМраморните патки се друштвени птици дури и во време на гнездење. Вон сезоната на парење јатата се мали, но се забележани и големи јата кои се подготвуваат за преселба.[2] Во 2011 ирачките орнитолози забележале јато од дури 40 000 птици.[3] Живеалиште и исхранаМраморната патка живее во пар или во мали јата во мочурливи предели, езера и бавни реки со густа вегетација. Се исхрануваат нуркајќи, но многу малку се знае за нивната исхрана.[2] РазмножувањеОвие патки се гнездат на земја каде што ги несат јајцата во високи треви и големи дрвја. Можат да снесат од 7 до 10 јајца. СтатусМраморните патки станаа ранлива категорија поради намалување на нивниот број заради ловот. На нив се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia