Мрежен преклопник
![]() ![]() Мрежен преклопник или преклопнички разводник е компјутерски мрежен уред кој ги поврзува мрежните сегменти. Овој поим често се однесува на мрежен мост, кој обработува и насочува податоци на нивото за податочно поврзување (ниво 2) од OSI моделот. Преклопниците кои обработуваат податоци и на мрежно ниво (ниво 3 и нагоре) често се нарекуваат преклопници од трето ниво или повеќе-нивовски преклопници. Поимот мрежен преклопник начелно не вклучува неинтелегентни или пасивни мрежни уреди како разводници и повторувачи. Првиот Етернет преклопник беше произведен од компанијата Калпана во 1990 година.[1] ФункцијаМрежниот преклопник, пакетен преклопник (или само преклопник) игра интегрална улога во повеќето Етернет локални мрежи (ЛАН). Средно големите и големите локалните мрежи содржат одреден број на поврзани управувани преклопници. Апликациите за мала потрошувачка и мали бизниси (SOHO) типично користат единствен преклопник, или сенаменски конвергентен уред како што е гејтвеј за да пристапи помали услуги на широкопојасниот интернет, како што се Дигитална претплатничка линија (DSL) или кабелски интернет. Во најголем дел од овие случаи, крајниот кориснички уред содржи насочувач и компоненти кои се во интеракција со одредена технологија на широкопојасниот интернет. Корисничките уреди можат исто така да вклучуваат и телефонски интерфејс за VoIP. Стандарден 10/100 Етернет преклопник функционира на нивото за податочно поврзување од OSI моделот за да создаде различен колизиски домен за секој порт на преклопникот. Ако имате 4 компјутери (на пример А, Б, В и Г) на 4 порти на преклопникот, тогаш А и Б можат да си праќаат податоци, додека В и Г го прават истото симултано, при што помеѓу двата “разговори” нема да настане интерференција. Во случај на разводник, тие ќе го делат истиот пропусен опсег и би функционирале во полудуплекс, што би резултирало со колизии, па така, потребни ќе бидат повторни испраќања. Користењето на преклопник се нарекува микросегментација. Тоа овозможува да имаме посветен пропусен опсег на точка-до-точка поврзувањата со секој компјутер и затоа може да функционира во целосен-дуплекс без колизии. Улогата на преклопниците во мрежитеПреклопниците можат да функционираат на едно или повеќе OSI нивоа, вклучувајќи ги: физичко, ниво за податочно поврзување, мрежно или транспортно ниво. Уредот кој симултано функционира на повеќе од едно од наведените нивоа е познат како повеќе-нивовски преклопник. Во преклопниците наменети за комерцијална употреба, вградени или модуларни интерфејси овозможуваат поврзување на различни типови на мрежи, вклучувајќи Етернет, асинхрон пренос и 802.11. Ова поврзување може да биде на било кое од споменатите нивоа. Додека функционалноста на ниво 2 е прикладна за поместување на пропусниот опсег во рамки на една технологија, сепак, поврзувањето на технологии како Етернет или топологија на прстен со жетони е полесно на ниво 3. Поврзувањето на различни мрежи на ниво 3 е овозможено од насочувачте. Ако има некакви функционалности кои ги карактеризираат “преклопниците од трето ниво” наспроти сенаменските насочувачи, тогаш тоа е тоа што тие имаат тенденција да бидат оптимизирани за големокогустинско етернетско поврзување. Кај некои добавувачи на услуги и други околини каде се потребни поголеми анализи на перформансите и сигурноста на мрежата, преклопниците можат да се поврзат помеѓу WAN насочувачкако места за аналитички модули. Некои производители овозможуваат огнен ѕид,[2][3] откривање на мрежни упади[4] и модули за анализа на перформанси кои можат да се приклучат во портите на преклопникот. Некои од овие функции можат да бидат комбинирани во модули.[5] Во други случаи, преклопникот се користи за создавање на слика во огледало на податоци кои можат да одат кон надворешен уред. Со оглед на тоа што најголемиот дел од огледалните преклопни порти овозможуваат само еден огледален поток, мрежните разводници можат да бидат корисни за распоредување на податоци на неколку исклучиво читачки анализатори, како што се на пример системите за откривање на упад и душкачи на пакети. Функционалност специфична за ниво![]() Иако преклопниците можат да учат за топологиите на повеќе нивоа и пренесуваат на едно или повеќе нивоа, тие сепак имаат тенденција да имаат заеднички функционалности. Освен за апликации со високи перформанси, модерните комерцијални преклопници користат примарно Етернет интерфејси, кои можат да имаат различни влезни и излезни пропусни опсези од 10, 100, 1000 или 10000 мегабити во секунда. Портите на преклопниците речиси секогаш извршуваат полн-дуплекс операции, освен ако има барање за интероперабилност со уреди кои се исклучиво полудуплекс. Полудуплекс значи дека уредот може или да праќа или да прима податоци во даден момент, додека полн-дуплекс значи дека може да прима и праќа податоци истовремено. На било кое ниво, модерните преклопници моѓат да имплементираат PoE(англ. Power over energy), со што се избегнува потребата за приклучени уреди, како на пример IP телефон или безжична точка на пристап, за да се има одвоен извор на енергија. Со оглед на тоа што преклопниците имаат редундантни енергетски кола поврзани со непрекинливи извори на енергија, поврзаниот уред може да продолжи да функционира дури и кога регуларните енергетски извори ќе паднат. Разводниците од ниво 1 наспроти преклопниците од повисоките нивоаМрежниот разводник или повторувач е доста несофистициран мрежен уред. Разводниците не управуваат со било кој дел од сообраќајот кој поминува низ нив. Секој пакет кој влагува низ порт е проследен кон надворешноста или “повторен” на секој порт, освен на влезниот. Со оглед на тоа што секој пакет е повторен на секој друг порт освен влезниот, настанува колизија на пакети, што ја забавува мрежата. Постојат специфични апликации каде разводникот може да биде корисен, како што е на пример копирање на сообраќајот до повеќе мрежни сензори. Крајните преклопници имаат функционалност која го извршува истото, наречено огледална рефлексија на порти. Веќе нема голема разлика во цената помеѓу разводник и краен преклопник.[6] Ниво 2Мрежен мост кој функционира на MAC поднивото на нивото за податочно поврзување, може да биде поврзан со мал број на уреди во дом или во канцеларија. Ова е тривијален случај кај мостовите, во кој мостот ја учи MAC адресата на секој од поврзаните уреди. Единечните мостови овозможуваат екстрамно високи перформанси во специјализирани апликации како складирачките мрежи. Класичните мрежи можат исто така да се поврзуваат користејќи Spanning Tree протокол кој ги оневозможува дел од врските со тоа што резултирачката локална мрежа е ациклично дрво. За разлика од насочувачите, мостовите кои го користат овој протокол мораат да имаат топологии со единствен активен пат помеѓу две точки. Постарата верзија IEEE 802.1D на овој протокол може да биде прилично бавна, со стопирање на проследувањето за 30 секунди, додека дрвото да се обнови. Брза врзија се појави како IEEE 802.1w, но најновите изданија на IEEE 802.1D-2004 ги присвојува 802.1w додатоците како основен стандард. IETF го специфицира TRILL протоколот, кој е примена на насочувачка технологија за состојба на врски во проблемот на мостови од второто ниво. Уредите кои го имплементираат TRILL, наречени R-мостови, ги комбинираат најдобрите функционалности на насочувачите и мостовите. Додека “преклопник од второ ниво” останува повеќе маркетиншки отколку технички поим, производите кои беа претставени како преклопници имаат тенденција да користат микросегментација и полн-дуплекс за да превенираат колизии помеѓу уредите поврзани за Етернет. Со користење на внатрешен проследувачки уред многу побрзо отколку било кој интерфејс, тие даваат импресија на симултани патеки низ повеќе уреди. Кога мостот ќе ја научи топологијата преку Spanning Tree протоколот, тој проследува рамки од нивото за податочно поврзување користејќи метод за проследување од ниво 2. Постојат четири проследувачки методи кои даден мост може да ги користи, од кои за ист влезен и излезен пропусен опсег од вториот до четвртиот метод применети на преклопници се забележува зголемување на перформансите:
Преклопниците со директно проследување мораат да се навратат на складирање и проследување ако порт кој води кон надворешноста е зафатен во времето кога пакетот доаѓа. Но, постојат специјализирани апликации, како складирачките мрежи, каде влезните и излезните интерфејси се со ист пропусен опсег, што е ретко случај во општите ЛАН апликации. Во ЛАН мрежите, преклопник кој се користи за пристап до краен корисник обично концентрира помали пропусни опсези (на пр. 10/100 мегабити во секунда) во поголем пропусен опсег (најмалку 1 гигабит во секунда). Алтернативно, преклопникот кој овозможува пристап до опслужувачки порти обично се поврзува со нив на многу повисоки пропусни опсези отколку што користат уредите на крајни корисници. Ниво 3Помеѓу ограниченоста на Етернет физичкoто ниво, преклопникот од трето ниво може може да ги изведува некои или сите функции кои нормално ги изведува насочувачот. Вистинскиот насочувач може да проследува сообраќај од еден тип на мрежно поврзување (на пр. T1, DSL) до друг (пр. Етернет, WiFi). Најчестата можност на ниво 3 е свесноста за IP мултикаст. Со оваа свесност, преклопникот од ниво 3 може да ја зголеми ефикасноста со пренесување на сообрќајот на мултикаст група само на порти каде приклучениот уред сигнализирал дека сака да ја “слуша” групата. Ако еден преклопник не е свесен за мултикастирање, рамките се проследени на сите порти на секој домен на емитување, но во случај на IP мултикаст ова предизвикува нефикасна употреба на пропусниот опсег. За совладување на овој проблем некои преклопници имплементираат IGMP набљудување.[7] Ниво 4Иако буквалното значење на поимот „преклопник од четврто ниво“ е зависно од производителот, речиси секогаш се започнува со способноста за превод на мрежни адреси, но тогаш се додава и распределбата на основа на TCP-сесии.[8] Уредот може да вклучува огнен ѕид кој помни состојби, VPN концентратор или може да биде IPSec безбедносен гејтвеј. Ниво 7Преклопниците од седмо ниво можат да распределуваат врз основа на URL или врз некои инсталационо специфични техники за препознавање на трансакции на ниво на апликации. Преклопник од седмо ниво може да вклучува веб кеш и да учествува во т.н. "content delivery" мрежа.[9] Типови преклопнициФактор на формата
Конфигурациски поставки
Набљудување на сообраќајот во преклопничка мрежаДоколку огледалните преклопни порти или други методи како RMON или SMON не се имплементирани во преклопник,[11] тогаш е тешко да се набљудува сообраќајот што се премостува користејќи преклопник поради тоа што сите порти се изолирани додека една пренесува податоци и дури тогаш само испраќачкиот и примачкиот порт можат да го гледаат сообраќајот. Овие набљудувачки функционалности се ретко присутни на потрошувачките преклопници. Два популарни методи кои се специфично дизајнирани за да му овозможат на анализаторот на мрежата да набљудува сообраќај се:
Друг метод за набљудување можат да бидат поврзани со разводник од ниво 1 помеѓу набљудуваниот уред и соодветниот порт од преклопникот. Ова ќе предизвика мало задоцнување, но ќе овозможи повеќе интерфејси кои можат да бидат искористени за набљудување на поединечен преклопнички порт. Типични функционалности на управувањето на преклопници![]()
Агрегацијата на врски овозможува користење на повеќе порти за иста врска со што се постигнува поголема рата на пренос на податоци. Создавањето на виртуелни ЛАН-ови можат да служат за безбедност и цели за перформанси со редуцурање на големината на т.н. broadcast домени. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia