Мрежница
Мрежница или ретина[1] — внатрешна опна на очното јаболко што ги прима светлосните дразби.[2] Оптиката на окото создава слика на визуелниот свет на мрежницата слично како филм во фотоапарат (превртена и смалена слика). Во мрежницата се создаваат хемиски и електрични настани со чија помош се придвижуваат нервните импулси кои се испраќаат во разни оптички центри во мозокот преку очниот нерв. Мрежницата е комплексна, слоевита структура која е изградена од неколку слоја неврони поврзани со синапси. Единствени неврони кои се директно осетливи на светлина се ќелиите на фоторецепторите:
Ганглиските ќелии се ретки и се важни за рефлексивни „одѕивања“ на многу јако светло. Единствениот дел на мрежницата на кој не се наоѓаат фоторецепторски ќелии се вика слепа точка. Тоа е местото каде се спојуваат ќелиите и формираат очен нерв. За разлика од камерата, мрежницата не ги испраќа едноставно сликите во мозокот. Таа просторно ги компресира за да одговараат на ограничената големина на оптичкиот живец. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia