Мрежно премостување![]() Премостување е техника за проследување што се користи во компјутерски мрежи со пакетен пренос. За разлика од насочување, премостување не прави претпоставки за кај се сместени специвични адреси. Наместо тоа се потпира на преплавување и испитување на изворни адреси во добиените заглавја на пакетите, за да ги лоцира непознатите уреди. Кога уредот е сместен неговата локација се снима од табела каде што се зачувуваат MAC адреси, за да се занемари потребата за натамошно емитување. Корисноста на премостување е лимитирана поради неговата зависност од преплавување и поради тоа се користи само во локални мрежи. Транспарентно премостувањеМост користи табела за проследување или база на податоци за проследување за да праќа рамки низ сегментите на мрежата. Базата на податоци за проследување првично е празна и влезовите во базата на податоци се градат коко што мостот добива рамки. Ако влез со адреса не е најден во базата на податоци за проследување, таа рамка е преплавена на сите порти на мостот, што ја пренесува рамката на сите сегменти освен на изворната адреса. Со овие начини на емитување рамки, крајната мрежа ќе одговори и ќе се создаде влез во базата на податоци за проследување.
На пример, да земеме 3 домаќини, А, Б и Ц и мост. Мостот има 3 порти. А е поврзана со мостот во порт 1, Б е поврзана со мостот во порт 2, Ц е поврзана во портот 3. А праќа рамка адресирана до Б на мостот. Мостот ја испитува изворната адреса на рамката и создаде влез со адреса и број на порта за А во табелата за проследување. Мостот ја испитува крајната адреса и ако не ја најде во табелата за проследување, ја преплавува до сите други портови:2 и 3. Рамката е примена од домаќините Б и Ц. Хостот Ц ја испитува крајната адреса и ја игнорира рамката. Хостот Б ја препознава крајната адреса која се совпаѓа и генерира одговор кон А. На патот назад, во табелата за проследување мостот додава влез за адресата и бројот на портата за Б. Мостот веќе ја има адресата на А во табелата за во табелата за проследување така да го праќа одговорот само на порта 1. Хостот Ц или било кој друг хост на порта 3 не се оптоварува со одговорот. Сега е возможна двосмерна комуникација меѓу А и Б без понатамошно преплавување. Филтрирање на основа на податоциЗа пренесување меѓу два сегменти мостот ја чита MAC адреаста на одредиштето и одлучува дали да препрати или да филтрира. Ако мостот одлучи дека дестинациониот јазол е на друг сегмент од мрежата го препраќа пакетот на тој сегмент. Ако дестинационата адреса припаѓа на истиот сегмент како изворната адреса мостот ја филтрира рамката. Како што јазлите пренесуваат податоци преку мостот, мостот прави филтрирачка база на податоци (позната како база на податоци за проследување) на познати MAC адреси и нивните локации на мрежата. Мостот ја користи филтрирачката база на податоци за да одлучи дали пакет треба да се препрати или филтрира. Предности на мостови
Недостатоци на мостовите
Премостување наспроти насочувањеПремостување и насочување се два начини на контролирање податоци, но работат на различни методи. Премиостувањето работи со вториот слој од OSI моделот (податочниот слој) додека насочувањето работи со третиот слој OSI моделот (мрежниот слој). Оваа разлика значи дека мостот насочува рамки преку MAC адресите назначени од хардверот додека насочувачот ги прави одлуките според назначените IP-адреси. Како резултат на ова мостови не се оптоварени со, и не се способни да разликуваат мрежи, за ралика од насочувачи. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia