Мрзнење![]() Замрзнување — фазен премин во кој течноста преминува во цврста фаза кога температурата на тоа тело е намалена под неговата точка на замрзнување. За повеќето супстанци, точката на топење и точката на замрзнување се на иста температура, но некои супстанци поседуваат променливи температури на премин меѓу течна и цврста состојба. На пример, агарот има хистерезис во точките на топење и замрзнување. Се топи на 85 °C а се зацврстува на 31 °C до 40 °C. КристализацијаПовеќето течности замрзнуваат со кристализација — образување на кристално цврсто тело од чиста течност. Ова е термодинамичка транзициона фаза од прв ред, што значи дека сè додека цврстото тело и течноста коегзистираат, температурата на целиот систем останува многу блиску до еднаква на точката на топење, поради спорото отстранување на топлината при контакт со воздух, кој е многу слаб топлински спороводник. Поради latent heat of fusion, замрзнувањето е многу успорено и температурата нема да продолжи да опаѓа кога замрзнувањето ќе почне, но ќе опаѓа кога замрзнувањето ќе заврши. Кристализацијата се состои од две важни фази: nucleation и crystal growth. Nucleation е фазата во која молекулите почнуваат да се собираат во јата, на нанометарски нанометар скали, подредувајќи се на дефиниран и периодичен начин што ја одредува кристалната структура. Кристалното растење е последователното растење на јадрата што успеваат во постигање на кристичната величина на јатата. СуперладењеИ покрај вториот закон во термодинамиката, кристализацијата на чистите течности обично почнува на пониска температура од точката на топење, поради висока енергија на активација на хомогено nucleation. Создавањето на јадро наговестува образување на гранична површина на границите на новата фаза. Дел од енергијата оди за образување на ова гранична површина, зависно од површинската енергија на секоја фаза. Ако хипотетичко јадро е премало, енергијата што би се ослободила при образувањето на неговата зафатнина не е доволна да се образува и површина, па така нуклеацијата не настапува. Замрзнување не почнува сè додека температурата не е доволно ниска да овозможи доволно енергија за образување на стабилни јадра. Во присуство на неправилности на површината на садот, претходно образуваните кристали, или други нуклеатори, хетерогена нуклеација може да се случи, каде што дел од енергијата е ослободена од делумното уништување на претходната гранична површина, покачувајќи ја точката на суперладење да биде иста или слична со точката на топење. Точката на топење на водата на еден атмосферски притисок е многу блиска до 0 °C, и во присуство на нуклеирачки супстанци, точката на замрзнување е слична со точката на топење, но во отсуство на нуклеатори водата може да се суперизлади на -40 °C пред замрзнување.[1][2] Под висок притисок (2.000 атмосфери), преку суперладење водата ќе се излади до −70 °C (203 K) пред да замрзне.[3] ЕгзотермичностЗамрзнувањето е скоро секогаш егзотермички процес, што значи дека при промената на агрегатната состојба на течноста во цврста, топлина и притисок се ослободуваат. Вообичаено ова е неинтуитивно,[4] затоа што температурата на материјата не се покачува при замрзнување, освен ако течноста не се суперлади. Но ова може да се сфати, бидејќи топлината мора континуирано да се оттрга од замрзнувачката течност, или замрзнувачкиот процес ќе престане. Енергијата ослободена при замрзнување е latent heat, позната како енталпија на соединување, и е иста како енергијата потребна да се стопи иста количина од телото во цврстата состојба. Хелиум е единствениот познат исклучок од генералното правило.[5] Хелуим-3 има негативна енталпија на соединување на температури под 0.3 К. Хелиум-4 исто така има многу малку негативна енталпија на соединување под 0.8 К. Ова значи дека, под соодветен константен притисок, топлина мора да се додаде на овие супстанци со цел да се замрзнат.[6] ВитрификацијаНекои материјали, како стакло и глицерол, можат да се зацврстат без кристализација. Ваквите матеијали се викаат аморфни цврсти тела. Аморфните материјали, како и некои полимери, немаат точка на замрзнување (поради фактот што нема брза промена во состојбата на некоја температура). За разлика, постепена промена во нивните вискозно-еластични својства се случува. Ваквите материјали се карактеризирани со стаклена транзиција. Бидејќи витрификацијата е неурамнотежен процес, не се кфалификува како замрзнување, што бара рамнотежа меѓу кристалната и течна состојба. ЕкспанзијаНекои супстанци, како вода и бизмут, се прошируваат кога замрзнуваат. Замрзнување на живите организмиМногу живи организми се способни да толерираат температури под точката на замрзнување на водата.[7] Замрзнувањето предизвикува повреди на епителот и хранливите состојки во внатрешноста на ткивата на растенијата се додтапни за бактериите.[8] Зачувување на хранатаЗамрзнување на храната е често користен метод за зачувување на храната, што ги успорува и распаѓањето на храната и ги размножувањето на микро-организмите. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia