М-Тел МастерсМ-Тел Мастерс е супервелемајсторски шаховски турнир, кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005 во Софија, Бугарија. Генерален спонзор на турнирот е најголемата телекомуникациска мрежа во Бугарија, компанијата Мобилтел (М-Тел), по која и турнирот го добил своето име. Според правилата, секој од шесте учесници игра по две партии со секој остант противник, со што турнирот добива карактер на Бергеров систем. Местото на одржување е хоетлот со 5 ѕвезди Гранд Хотел Софија. ТурнириМ-Тел Мастерс 2005
Првиот турнир се одржа од 11 до 22 мај 2005 како дел од прославата на десетгодишнината од постоењето на компанијата во Бугарија. На турнирот учествуваа шахистите од самиот врв: Вишванатан Ананд, Веселин Топалов, Владимир Крамник, Мајкл Адамс, Јудит Полгар и Руслан Пономариов. Турнирот во 2005 беше класифициран во 20. категорија според ФИДЕ и според просечниот Ело рејтинг беше најсилниот шаховски турнир во 2005 со просечен рејтинг од 2744 бода. На турнирот победи Веселин Топалов, а наградата му беше врачена од страна на претседателот на Бугарија Георги Прванов.
М-Тел Мастерс 2006Во 2006, турнирот се одржа од 10 до 21 мај, а на него учествуваа Веселин Топалов, Вишванатан Ананд, Руслан Пономариов, Петар Свидлер, Етјен Бакро и Гата Камски. Бразилскиот писател Паоло Коељо го одигра првиот потег на турнирот, којшто официјално беше отворен од претседателот на Бугарија, Георги Прванов. Топалов победи на турнирот по вторпат, по одличното враќање по слабите почетни партии. Тој победи во последните 4 партии, со што оствари резултат од 6½ бодови што беше доволно за победа. Во претпоследниот круг, тој го победи главниот конкурент Гата Камски.
М-Тел Мастерс 2007М-Тел Мастерс турнирот во 2007 се одржа од 9 до 20 мај, а учество земаа Топалов, Ливиу-Дитер Нисипеану, Шахријар Мамедјаров, Гата Камски, Мајкл Адам и Кришнан Сасикиријан. Топалов победи на турнирот по трет последователен пат, победувајќи го во последниот круг дотогашниот водечки на табелата Сасикиријан.
М-Тел Мастерс 2008Во 2008, М-Тел Мастерс турнирот се одржа од 8 до 18 мај. Василиј Иванчук убедливо на турнирот. Тој победи во првите 5 партии, а на турнирот остана непшоразен, остварувајќи позитивен резултат против сите останати шахисти. Победникот на претходните 3 турнири Веселин Топалов заврши втор.
М-Тел Мастерс 2009Турнирот во 2009, се одржа од 12 до 23 мај. Покрај редовниот учесник Веселин Топалов, останати учесници се: Магнус Карлсен, Василиј Иванчук, Алексеј Широв, Ванг Јуе и Линиер Домигез.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia