Шах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).
Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).
Прочитајте повеќе
Проблем со осум дами — шаховско-математичка загатка, која се состои во поставување на осум дами на една шаховска табла, така што ниту една од дамите да не биде нападната и да не напаѓа друга дама според шаховските правила. Бојата на фигурите е безначајна и се претпоставува дека сите фигури меѓусебно се противници. Со други зборови, со проблемот се бара да нема две или повеќе дами по ист ред, линија или дијагонала на шаховската табла.
Проблемот може да се постави на шаховска табла со која било големина, па така n дами треба да се постават на табла со димензии n×n. На вообичаена шаховска табла, каде што n=8, проблемот има 92 различни решенија. Доколку се анемарат решенијата кои се разликуваат само со пресликување и ротација, остануваат само 12 решенија. Прочитајте повеќе
Средишница. Комбинација — шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Книгата е напишана на руски јазик и има 225 страници.
Гата Камски (лево, со бели фигури) и Веселин Топалов (десно, со црни фигури) пред почетокот на втората партија од мечот за предизвикувач на светскиот првак во 2009
... дека Емануел Ласкер најдолго ја имал титулата светски првак во шах, цели 27 години (1894 - 1921).
... дека вистинското име на Гари Каспаров е Хари Вајнштајн?
... дека по Втората светска војна, шаховската репрезентација на Советскиот Сојуз била толку силна, па трипати се одржал меч меѓу СССР и остатокот од светот?
Макс Еве (1901 — 1981) — холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор.
Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии.
Во оваа позиција белиот има голема материјална предност, но црнит има 2 силни пешаци кои се закануваат со промоција на e1.
Најпримамлив потег секако е 1.Lc6+?. Но, сега на 1...Кd6 2.Тd4+ 2...Ke7!(или 2...Ke5! 3.Te4+ 3...Kd5 реми (4.Тxe3 пат), но не 2...Ке6?? 3.Те4 и црниот крал мора да отстапи на f вертикалата и белиот би ги освоил црните пешаци) 3.Те4 3....Kd8!! реми (4.Тxe3 пат).
Вистинскиот потег за белиот е 1.Lf5+!. Сега на 1...Kd6 (или 1...Кd8) следува 2.Тd4+ 2...Ке7 (на 2...Ке5 3.Те4+ и белиот победува; на 3...Кd5 4.Txe3 не е пат) 3.Те4+ 3...Кd8 4.Ld7!!. Со овој прекрасен потег, белиот го ограничува црниот на 2 можности: да го земе ловецот и ги изгуби пешаците или да промовира во дама, а форсирано прими мат. На 4...Кxd7 4.Txe3 и во наредниот потег црниот ќе го изгуби и последниот свој адут. На 4...е1D следува 5.Lb5!!. Сега црниот никако не може да се спаси од заканата на белиот 6.Те8++.