Нагорно-Карабах
Горен Карабах или Нагорно-Карабах, (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) (руски: Нагорный Карабах) познат и како Република Арцах - поранешна де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 км западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија. Поради Азербејџанската Офанзива, Нагорно-Карабах официјално прекинува да постои на 01.01.2024 со потпишувањето на указот од страна на претседателот на Нагорно-Карабах. [1][2] Потекло на поимотРегионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина). ИсторијаВо 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорнокарабашка Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорнокарабашка Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија. Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск. Население, јазик и религијаНаселениеВо Нагорно-Карабах живеат околу 120,000 жители од кои околу 99,7% се Ерменци. Околу 0,2% се Руси и околу 0,1% други. ЈазикПоради тоа што регионот е претежно населен со Ерменци, во Нагорно-Карабах воглавно се говори ерменски. Официјални јазици се ерменски и руски. Азербејџанскиот пак, ретко се зборува. РелигијаПопулацијата на Нагорно-Карабах главно има христијанска вера (околу 94,18% од населението). Околу 0,37% се Методисти, додека пак 0,23% се Јеховни Сведоци. Остатокот главно се без религија. Околу 94,5% се застапници на ерменската православна црква, додека пак 0,13% се застапници на руската православна црква во Нагорно-Карабах. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia