Списокот подолу ги вклучува сите единици кои спаѓаат дури и делумно под некоја од различните дефиниции за Европа, географска и политичка. Педесет суверени држави се изброени со територија во Европа и/или членство во меѓународните европски организации, шест држави со делумно признавање и осум области кои не се дел од интегралните делови на европските држави или имаат посебен политички статус.
Островот Кипар во Југозападна Азија е близок до Мала Азија и е на Анадолската плоча[6], но често се смета за дел од Европа како моментален член на Европската Унија (ЕУ). Ерменија е целосно во Југозападна Азија, но е член на некои европски организации.[7]
Иако Средоземното Море обезбедува почиста поделба помеѓу Африка и Европа, некои традиционални европски острови, како што се Сицилија и Малта се наоѓаат на африканската континентална плоча.[8] Островот Исланд е дел од Северноатлантската област, делејќи ја европската и северноамериканската плоча.[9]
Некои територии географски надвор од Европа имаат силни врски со европски земји. Гренланд има социополитички врски со Европа и е дел од Кралството Данска, но е групирано во континентот на Северна Америка.[10]
Суверена држава е политичко здружување со делотворен суверенитет врз населението за кои донесува одлуки од национален интерес.[14] Според конвенцијата од Монтевидео, државата мора да има постојано население, дефинирана територија, влада и капацитет да има односи со други држави.[15]
Признаени суверени држави
Постојат 50 меѓународно признати суверени држави со територија, која се наоѓа во честата дефиниција на Европа и/или членство во меѓународни европски организации, од кои 44 имаат главен град во рамките на Европа. Сите, освен Ватикан се членови на Обединетите нации (ОН),[16] и сите освен Белорусија, Казахстан и Ватикан се членови на Советот на Европа.[17] Од 2007, 27 од овие држави се исто така и земји-членки на ЕУ, што значи дека се високо интегрирани во Европа и ја делат нивната сувереност со ЕУ институциите.
Секоја запишана држава на списокот има карта со неговата локација во Европа. Територијата во Европа е покажана во темнозелена; територијата негеографски во Европа е покажана во светлозелена. Посветлата зелена боја ги претставува државите на ЕУ и е покажана на картите на сите територии во рамките на ЕУ.
Следниве шест држави имаат делумно дипломатски признавање од една или повеќе земји-членки на ОН (и затоа се дефинирани како држави од уставната теорија на државотворноста) или немаат дипломатско признавање од некоја земја-членка на ОН, но се дефинирани како држави од декларативната теорија за државотворност и се признаени од една или повеќе нечленки на ОН. Ниедна не е член на ОН, Советот на Европа или ЕУ.
^ abcdef Бројките за површината и населението вклучуваат интегрални области, кои се наоѓаат надвор од Европа. Површината и населението на државите со сепаратистички региони ги вклучува и сепаратистичките области.
^ abcdef Дел од Јужен Кавказ, на крстопатот на Европа и Азија. Физиогеографски, Ерменија целосно спаѓа во Западна Азија, додека Грузија и Азербејџан се главно во Азија, со мали делови северно во планините Кавказ, кои се наоѓаат во Европа.
^ abc Островот Кипар се наоѓа на работ на азиската Анадолска плоча и физиогеографски е поврзан со Азија, но е дел од европските организација, како што е ЕУ.
^ Терминот Република Ирска и Poblacht na hÉireann не се службени долги имиња, но се користат за правен опис за разликување на државата од остров.
^ abc Казахстан, Русија и Турција имаат територии и во Европа (темнозелена) и во Азија (светлозелена).
^ abДанска и Холандија се уставни држави на Кралство Данска и Кралство Холандија соодветно. Двете се земји-членки на ЕУ; меѓутоа, другите уставни држави на нивните кралства не се. Во меѓународните организации, термините Данска и Холандија, често се користат за кратки форми на нивните соодветни кралства во целост.
^ Холандија е исто така позната како „Холанд“, но ова може да го означува само еден регион во земјата со истото име, а не целата земја.
^ abcd Обединетото Кралство се состои од државитеАнглија, Северна Ирска, Шкотска и Велс. Обединетото Кралство е одговорно за странските односи и владението со кралските поседи Гернзи, Ман и Џерзи, кои се одвоени. Копната на Англија, Шкотска и Велс го составуваат островот Велика Британија (или едноставно Британија), кој понекогаш се користи со исто значење за Обединето Кралство.
Наводи
↑Charles T. Evans (2009-07-01). „Планини Урал“. Novaonline.nvcc.edu. Посетено на 2011-02-17.
↑„Река Урал“. Geography.howstuffworks.com. 2008-03-30. Архивирано од изворникот на 2011-07-12. Посетено на 2011-02-17.
↑Charles T. Evans (2009-07-01). „Планини Кавказ“. Novaonline.nvcc.edu. Посетено на 2011-02-17.
↑Charles T. Evans (2009-07-01). „Црно Море“. Novaonline.nvcc.edu. Посетено на 2011-02-17.
↑ 5,05,1Microsoft Encarta Online Encyclopaedia 2007. Europe. Архивирано од изворникот на 31 октомври 2009. Посетено на 2007-12-27. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
↑Mark Oliver, Sally Bolton, Jon Dennis and Matthew Tempest (2004-08-04). „Гибралтар: Политика“. Guardian. Посетено на 2011-02-17.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)