Награда „Антев златник“

Споменикот на Анте Поповски во Лазарополе

Награда „Антев златник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик. Воспоставена во чест на поетот Анте Поповски.

Награда

Наградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ и се состои за златник со ликот на поетот Анте Поповски. Истата се доделува секогаш кога комисијата ќе констатира висок квалитет на пристигнатите ракописи, а бројот на добитниците е максимално двајца во една година. Добитниците на оваа награда, како и добитникот на „Антево перо“ имаат рамноправен статус на ексклузивни учесници на манифестацијата.[1]

Историја

Наградата „Антев златник“ била востановена во 2019 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) имајќи ја предвид извонредно квалитетната поетска продукција пристигната на конкурсот за наградата „Антево перо“. Нејзини први добитници биле поетите Михајло Свидерски и Сузана В. Спасовска.[1]

Досегашни добитници

Година Добитник Книга поезија
2019[1] Михајло Свидерски
Сузана В. Спасовска
Граници
Јазикот на светлината
2022[2] Виолета Танчева Златева
Славица Гаџова Свидерска
Глуво време
Golgotha Feminarum

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Наградата Антево перо за Александра Димитрова Архивирано на 20 јуни 2021 г. на семрежното место на Република
  2. „Наградата „Антево перо" за 2022 за стихозбирката „Куќа" од Јулијана Младеновска Тешија“. А1. 26.09.2022. Посетено на 5 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya