Сузана В. Спасовска

Сузана В. Спасовска (1972, Ротердам, Холандија) — македонска поетеса, книжевна критичарка.[1][2]

Животопис

Сузана В. Спасовска е родена во 1972 година, во Ротердам. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултетБлаже Конески“ во Скопје.[3][4][5][6][7][8][9][10][11]

Творештво

Спасовска ги има објавено следниве збирки поезија:[3][12]

  • И љубов и заговор (1996)
  • Смртно писмо (2004)
  • Божествена жена (2006)
  • Низ темјанот еден лилјан (2014)
  • Пеперутка од пепел (2018)
  • Јазикот на светлината (2020) - добитник на наградата „Антев златник“, 2019 година
  • Кадуцеј и лира (2022)

Во 2021 година ја објави книгата „Слободата на стихот“[13], како самостојно издание, која е нејзината магистерска теза.Во 2024 година излезе од печат нејзината критичко-есеистичка книга „На врв од острицата“, во издание на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.

Наводи

  1. „„Јазикот на светлината" - песни од новата поетска книга на Сузана В. Спасовска“.
  2. „Љубовта на златниот змеј и уште пет нови песни од Сузана В. Спасовска“.
  3. 3,0 3,1 „Промоција на стихозбирка во Салон 19.19“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18.
  4. „Долго време слободниот стих беше како несакано дете, разговор со Сања Јачевска“. Нова Македонија.
  5. „„Да не се претера ниту во фалењето, ниту во кудењето", разговор со Тони Димков“. Слободен печат.
  6. „Песни од книгата Кадуцеј и лира, објавени на Окно“.
  7. „Стихови исполнети со епска сила носи поетската збирка „Кадуцеј и лира" од Сузана В. Спасовска“. Слободен печат.
  8. „Нова поетска книга „Јазикот на светлината" на Сузана В. Спасовска“. Независен весник.
  9. „„Пеперутка од пепел" - нова поетска книга од Сузана В. Спасовска“. Окно.
  10. „Песни од книгата Пеперутка од пепел, објавени на Окно“.
  11. „Книгата „Кадуцеј и лира" е мал поетски потсетник на вечните митски теми, разговор со Сања Јачевска“. Нова Македонија.
  12. „Аналитична, прецизна и јасна книжевна критика содржи книгата „На врв од острицата" од Сузана В. Спасовска“.
  13. „„Слободата на стихот" од Сузана В. Спасовска – студија за поезијата на 8 наши поети“. УМНО.


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya