Наос (ѕвезда)
Наос или Зета Пупис (Zeta Puppis / ζ Pup / ζ Puppis) е ѕвезда во соѕвездието Крма. Позната е по имињата Наос („Naos" од грчки ναύς „брод“) и Сухаил Хадар („Suhail Hadar“ од арапски, „светла ѕвезда на тлото“). Нејзиниот спектрален тип е O5Ia, што значи дека ова е екстремно жешка ѕвезда. Таа е една од ретките ѕвезди на ноќното небо од типот „O“ што се гледаат со голо око. Температурата на површината ѝ е 42.400 K[2], а масата 59 сончеви маси. За разлика од многу други ѕвезди на толкава далечина, за Зета Пупис се знаат точните параметри, а се знае и дека потекнува од реонот со молекуларен облак во соѕвездието Едро.[3] Според тоа, за оваа ѕвезда можеме точно да ја одредиме оддалеченоста, што на пример не можеме за ѕвездата Денеб. Зета Пупис е есктремно сина суперџин ѕвезда, една од најсјајните ѕвезди во нашиот Млечен Пат. Визуелно е 21.000 пати помоќна од нашето Сонце, но бидејќи е екстремно сина ѕвезда, поголемиот дел од нејзиното електромагнетно зрачење е ултравиолетово. Сините ѕвезди не се многу големи, па така и Наос не е исклучок, околу 20 пати е поголем од сончевиот полупречник. Во тој поглед најголеми се црвените џинови, како што е Бетелгез на пример. За неколку илјади години, Наос ќе се излади и ќе се претвори во црвен суперџин, и ќе мине низ спектралните типови: B, A, F, G, K, и M. Кога ќе се случи ова, гледано од Земјата, Наос ќе биде една од најсјајните ѕвезди на небото. За 2 милиони години, Наос ќе се претвори во црвен суперџин од типот M5, а се прептоставува дека на крајот ќе експлодира во хипернова толку моќно и сјајно, што ќе се види на небото посјајно од полна Месечина. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia