Напади во Париз од ноември 2015![]() Вечерта на 13 ноември 2015 година, се случија серија на координирани терористички напади, кои вклучуваа пукање, самоубиствени бомбашки напади и задржување на заложници, во Париз, Франција и во северното предградие Сен Дени. Нападите започнале во 21:16 по Средноевропско време.[1] Шест масовни пукања се случиле во централниот дел од Париз, и три самоубиствени бомбашки напади блиску до стадионот Стад де Франс.[1][2] Најголем број жртви имало во нападот на концертната сала Батаклан (Le Bataclan), каде напаѓачите зеле заложници. Исламската држава (ИСИЛ) ја презеде одговорноста за овие напади.[3][4][5] Ден после нападот, францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба, што е прва после немирите од 2005 година.[6] Најмалку 129 се смртно повредени, од кои 89 лица се погинати на рок концертот, а останатите на другите локации во Париз. Околу 350 лица се повредени, од кои 99 се во критична состојба.[7][8][9][10][11][12] Во знак на солидарност и поддршка, голем број земји прогласија ден на жалост, и ги обоија зградите во боите на француското знаме, а на социјалните мрежи парижани нудеа засолниште на Твитер, со хаштаг #PorteOuverte („#ОтворенаВрата“), додека Фејсбук на своите корисници им понуди транспарентна слика со боите на француското знаме. НападиСтад де ФрансПрвата експлозија одекнала околу 21:23, а потоа уште две во наредните десетина минути недалеку од националната арена Стад де Франс, додека траел пријателски натпревар меѓу француската и германската фудбалска репрезентација.[13] Најмалку четири лица погинале, од кои двајца атентатори. Претседателот на Франција Франсоа Оланд, присуствувал на натпреварот, и е одведен на сигурно, неповреден. Le Petit Cambodge и Le CarillonРечиси во исто време со експлозиите на Стад де Франс, едно лице отворил оган од автоматско оружје, од автомобил во движење, пукајќи на гостите кои седеле пред рестораните Le Carillon и le Petit Cambodge. Најмалку 14 лица погинале, а 10 се тешко повредени.[14] Концертаната сала Батаклан![]() Набрзо по пукањето пред рестораните, четири лица отвориле оган во полната концертна сала „Батаклан“, каде се одржувал концерт на амеркинаската група Иглс оф дед метал (Eagles of Death Metal). Најмалку 80 лица се убиени, а голем број се повредени. Атентаторите останале во салата, и ги зеле за заложници преживеаните. Во 00:25, специјалните сили упаднале во концертната сала, и ги ослободиле заложниците. Еден атентатор е убиен, а останатите тројца се самоубиле.[15] Останати улични нападиВо 21:45, околу 15 минути после нападот на Батаклан, атентаторите отвориле оган врз Мек Доналдс, каде погинале петмина, а осум се тешко ранети. Девет минути по овој напад, отворен е оган и врз гостите кои седеле пред ресторанот La Belle Équipe. Во овој напад погинале 19 лица, а 14 се тешко повредени.[11][16][16] ПоследициНајмалку 129 лица се убиени, а 352 се поредени, од кои 99 се во критична состојба. Меѓу убиените е Хрват од Белгија,[17] како и двајца Романци, еден Германец, двајца Американци, еден Италијанец, а еден австриски граѓанин е повреден.[18][19][20] Парискиот јавен обвинител Франсоа Молин изјавил дека седуммина од напаѓачите се мртви и дека сè уште се трага по оние што пукале врз гостите од рестораните.[21] Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба.[22] По нападите, бројни згради низ светот беа обоени во светла со боите на француското знаме, меѓу кои и: Сиднејската опера, Си-Ен кулата во центарот на Торонто, Сенатот во Мексико, Националната галерија во Лондон, како и зградата во Скопје каде се сместени Археолошкиот музеј, Државниот архив и Уставниот суд. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia