Национална галерија (Лондон)
Национална галерија во Лондон (англ. National Gallery) е државна уметничка галерија која се наоѓа во престолнината на Обединетото Кралство. Галеријата се наоѓа на северниот дел од плоштадот Трафалгар. Во оваа галерија се наоѓаат едни од најзначајните светски колекции на западноевропското сликарство во периодот од 1250-1900 година. Во оваа галерија се наоѓаат околу 2.300 дела. Во целина можеби оваа галерија е мала, но содржи доста квалитетни дела. Годишно се посетува од страна на околу 5 милиони туристи. Националната галерија била основана во 1824 година, кога британската влада ги откупила делата на рускиот банкар Јулијус Ангерштајн (36 слики). Во денешниот објект галеријата била префрлена во 1838 година. Нејзин дизајнер бил Вилијам Вилкинс, чија фасада била изработена во неокласичен стил. Во продолжение на галеријата се наоѓа Националната портретна галерија, која чува 10.000 портрети на истакнати Британци во историјата. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia