Натали Портман
Натали Портман (хебрејски: נטלי פורטמן) (Ерусалим, 9 јуни 1981) родена како Натали Хершлаг, е израелско-американска глумица номинирана за Оскар и добитничка на Златен глобус. Како девојче, Натали ги поминува училишните распусти посетувајќи театарски кампови, каде што ја развива љубовта спрема глумата. По искуството во еден мјузикл, на 12 години добила улога во филмот „Леон“ (издаден во САД како „Професионалецот“). Во средината на деведесеттите Натали играла помали улоги во филмовите „Жештина“, „Сите велат те сакам“ и „Марс напаѓа!“, како и една поголема улога во „Убави девојки“. Во доцните деведесетти, таа била избрана за улогата на Падме Амидала во новата трилогија на „Војна на ѕвездите“. Таа глумела во филмовите „Секаде освен тука“, „Мојот живот во Гарден Стејт“, „Поблиску“ и „О за Одмазда“. За филмот „Поблиску“ таа била наградена со Златен глобус и била номинирана за Оскар во категоријата за најдобра глумица во споредна улога. Во 2010, Портман ја имала главната улога во психолошкиот филм Црн лебед. Нејзината изведба добила позитивни критики и таа ги добила својот прв Оскар за најдобра глумица во главна улога, вториот Златен глобус, првата БАФТА награда, како и наградата на здружението на филмски работници. Ран животПортман е родена во Ерусалим, Израел.[1][2][3] Таа е единственото дете на Шели,[4] американска домаќинка која работи како Агент на Натали, и Авнер Хершлаг, израелски гинеколог.[5] Нејзините баба и дедо од мајкина страна, Бернис и Артур Стивенс[4] (чие презиме првично било "Елдестајн"),[6] биле од еврејски имигрантски семејства од Австрија и Русија.[7] Нејзините баба и дедо од таткова страна, Маниа (Портман) и Зви Јехуда Хершлаг, биле еврејски имигранти во Израел.[8] Дедото на Натали, Зви е роден во Полска во 1914, и во 1938 се преселил во тогашниот Британски мандат во Палестина, денешен Израел, каде бил професор по економија. Родителите на Зви починале во Аушвиц.[8] Прабабата на Натали од таткова страна, која е родена во Романија, била шпион за британските тајни служби за време на втората светска војна.[9][10][11] Нејзиното оригинално хебрејско име е "Нета-Ли".[12] Родителите на Портман се запознале во еврејски студентски центар во универзитетот Охајо, каде нејзината мајка продавала билети. Тие продолжиле да комуницираат кога нејзиниот татко се вратил во Израел и се земале неколку години подоцна, кога нејзината мајка се преселила кај него. Во 1984, кога Портман имала три години, семејството се преселило во САД, за нејзиниот татко да ги усоврши неговите медицински вештини.[7] Портман, која е двоен граѓанин на САД и Израел,[13] изјавила дека: "иако навистина ги сакам САД... моето срце е во Ерусалим. Таму се чувствувам како дома."[9] Семејството на Портман првично живееле во Вашингтон, но во 1988 година се преселиле во Конектикат за на крај да се преселеат во Џерико, Њујорк, на Лонг Ајленд,[14] во 1990 година.[15][16][17] Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia