Национален парк Полино
Националниот парк Полино (италијански: Parco Nazionale del Pollino) е италијански национален парк на Апенински Полуостров, во провинциите Козенца, Матера и Потенца. Името е од истоимениот планински масив Полино. Паркот е дом на најстарото европско дрво, Хелдреиховиот бор стар 1.230 години[1], а симбол на паркот е реткиот босански бор. Од ноември 2015 година, со вклучувањето на глобалниот список на геопаркови од страна на УНЕСКО, паркот Полино се смета за светско наследство. Со вкупно 88.650 ha на луканската страна и 103.915 на калабриската страна е најголемиот парк во земјата со површина од 1.925,65 квадратни километри[2][3] и меѓу 50-те најголеми во светот. Обичната бука е најраспространето дрво во паркот, а паркот е дом и на различни важни лековити билки.[4] Градовите со интересни знаменитости вклучуваат Ротонда, Кастровилари, Морано Калабро (манастирот Колорето), Лаино Борго, Лаино Кастело, Мормано, Скалеа, Папасидеро, Цивита, Черхиара (црквата на Мадона дел Арми). Заедниците каде се зборува албански се присутни во општините Сан Паоло Албанезе, Сан Костантино Албанезе и други. Во долината Меркур биле откриени остатоци од праисториски видови како Elephas antiquus и европски нилски коњ. Реките и потоците ги вклучуваат Лао, Сини, Косиле, Гарга и Раганело. Дивиот свет вклучува златен орел, италијански волк, срна, дива свиња, црвена лисица, европска видра, калабриска црна верверица, шумски дурмузи (Dryomys nitedula), црн клукајдрвец, чав, сив сокол црвена луња планински сокол, кања обичен елен (биле воведени во 2000-тите). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia