Национален парк Шар Планина (Косово)
Националени парк Шар Планина (албански: Parku Kombëtar Malet e Sharrit; српски: Национални парк Шар-планина) ― национален парк во југозападно Косово. Зафаќа 53,272 хектари (532.72 км2), во средиштето на северна Шар Планина, планински венец кој исто така се протега во североисточна Албанија и северозападна Македонија. Тој бил прогласен за национален парк во 1986 година, а повторно воспоставен во 2012 година од страна на новата косовска влада. Паркот опфаќа различни терени, вклучувајќи глацијални езера, алпски и периглацијални пејзажи. ГеографијаКлимаНационалниот парк Шар Планина има алпска клима, со одредено континентално влијание.[3][4] Просечната месечна температура се движи помеѓу −1.3 °C (29.7 °F) (во јануари) и 20 °C (68 °F) (во јули), додека просечните годишни врнежи се движат помеѓу 600 мм и 1,200 мм во зависност од висината.[4] БиоразновидностФлората на паркот е претставена со 1558 видови васкуларни растенија.[5] Фауната опфаќа 32 видови цицачи, 200 видови птици, 13 видови влекачи, 10 видови водоземци, 7 видови риби и 147 видови пеперутки.[5] Во однос на фитогеографијата, Националниот парк Шар Планина припаѓа на илирскиот дел на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Целосно спаѓа во копнениот екорегион на балкански мешани шуми на биомот на умерените широколисни и мешани шуми на Палеарктикот. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia