Географија на Косово![]() Република Косово се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Се граничи со: Србија на север и исток, Црна Гора на запад, Албанија на југозапад и Македонија на југ. Зафаќа површина од 10,887 км2. Главен град, а воедно и најголем, е Приштина. Релјеф![]() Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината и регион Дреница и планината Црнолева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во државата); на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина. Води![]() Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влева во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив. НаселениеОфицијален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1.677.000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Горанци и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%). Но, по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради иселувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Според пописот од 2011 година, Косово има 1,733,872 жители. Територијална поделбаТериторијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 7 окрузи и 24 општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на округот Приштина.
Спред УНМИК, како второстепени административни единици се оштините.
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia