Национален театар „Клаудио Санторо“
Национален театар „Клаудио Санторо“ (португалски: Teatro Nacional Cláudio Santoro) — театарска зграда во Бразилија, Бразил, проектирана е од бразилскиот архитект Оскар Нимаер изградена е од1976 до 1981 година[1]. ОписЗградата има трапезоидна форма изградена е од армиран бетон, затворена од сите страни.Надворешната фасада е препокривана со одредени релјефни скулптурални коцки кои придонесуваат во специфичниот геометризам со апстрактни асоцијации. Внатрешниот, просторот е целосно проектиран според потребите на современ ентериер за театарски претстави - гледачиште и сцена со одредени интервенции кои асоцираат на апстрактна релјефност на плафонот.Во предворието или поголемата површина од влезните пасажи на кровната конструкција има употреба на стакло што придонесува за отвореност, светло и прозрачност пред затворениот театарски внатрешен дел.[2]. Стилски одликиОскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Театарот во Бразилија иако денес доста запоставен и во нефункционална состојба е меѓу неговите врви дела. Во својот уметнички израз Нимаер реализира дела во бетон, односно во употребата на пренапрегната - натур бетон. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата на разновидните материјали, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил, внесувајќи и одредени асоцијации кои се потпираат на традицијата во градителството не само на Бразил туку воопшто во развојот и традицијата на архитектурата од целиот свет. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки. Самата зграда на театарот, подоцна ќе биде основа за низа на објекти од ваков вид, според нејзино влијание и одредени интернационални стилски влијанија е и зградата на Македонската опера и балет во Скопје.[3]. НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia