Национална и универзитетска библиотека на Словенија
![]() Национална и универзитетска библиотека на Словенија (словенечки: Narodna in univerzitetna knjižnica, NUK) национална библиотека на Словенија, основана во 1774 година. Таа е една од најважните образовни и културни институции во Словенија.[3] Библиотеката се наоѓа во центарот на Љубљана во зграда проектирана од Јоже Плечник помеѓу 1930 и 1931 година, а била изградена од 1936 до 1940 година во Кралство Југославија. Со закон, од сите издавачи во Словенија а претходно од СФР Југославија се прибираат, чуваат и архивираат сите изданија во Националната библиотека како централен депозитар[4] . Во 2011 година, библиотеката поседуваше околу 1.307.000 книги, 8.700 ракописи и бројни други документи, списанија и единици за мултимедија. Библиотеката се соочува со проблем на недостаток на простор за складирање и затоа има план да изгради нова зграда во близина на постојната[5]. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia