Неапол (покраина)
Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.[1] ДемографијаНеапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.[2]
ТуризамПодрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.[3] Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.[4] Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалакот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.[5] Наводи
Надворешни врски
40°50′N 14°15′E / 40.833°N 14.250°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia