Небиволол е бета блокатор кој се користи во третманот на хипертензија и срцева слабост.[5] Како и другите β-блокатори, генерално се смета за помалку претпочитан во третманот на хипертензија.[6] Може да се користи сам или во комбинација со други антихипертензивни лекови.[6] Се зема преку уста.[6]
Чести несакани ефекти вклучуваат вртоглавица, чувство на замор, гадење, и главоболка.[6] Сериозни несакани ефекти вклучуваат срцева слабост и бронхоспазам.[6] Неговата примена за време на бременоста и доењето не се препорачува.[5][7] Делува преку блокирање на β1-адренергичните рецептори во срцето и дилатација на крвните садови.[6][8]
Небивололот бил патентиран во 1983 и започнал да се користи во медицински цели во 1997.[9] Достапен е како генерички лек.[5] Во 2021, бил 244ти најмногу пропишуван лек во САД, со повеќе од 1милион рецепти.[10][11]
Наводи
↑„Nebivolol“. go.drugbank.com. Посетено на 2022-08-17.