Неготински манастир
Манастир „Св. Ѓорѓи“ — манастир кај Неготино, изграден во 1860 година на месноста Црквиште. Се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, каде што брегот во блага нагорнина се издигнува околу 100 метри над нивото на реката, а на највисокиот дел е изграден манастирот кој со својата околина, и особено широк поглед, се шири на североисток каде се протега коритото на реката Вардар и Пепелишкото Поле, па сè до сртот на планината Серта. ИсторијаНа ова место во средниот век постоел манастир, уништен од Османлиите во XIV век. Новата црква е изградена со прилози од граѓаните на Неготино меѓу 1860 и 1866 г. — дело на познатиот градител Андон Китанов.[1][2] Конаците на манастирот биле изградени нешто подоцна од изградбата на црквата „Св. Ѓорѓи“ која е во склоп на манастирот, или поточно биле изградени при градбата на железничката пруга Скопје - Солун, а нив ги изградил инженер по народност Полјак. Тој го подигнал конакот и првобитната цел и намена на конаците била за сместување на работниците кои работеле на пругата. Во август 1873 год. пругата е пуштена во сообраќај, а тоа било воедно кога конаците ја завршиле својаата првобитна функција и намена, и истите биле подарени на црквата „Св. Ѓорѓи“. Старите конаци кои биле изградени од слаб градежен материјал — дрво, плет, тули и кал, се целосно обновени, кога во 1978-1980 г. на местото на старите конаци биле изградени нови, од тврд материјал, тежнеејќи да се запази старата архитектура.[3][4] Конаците имаат приземје и спрат, и располагаат со голем број на простории. Источната страна на конаците, која претставува и лице на објектот е свртен кон црквата и се наоѓа на едно повисоко издигнато плато. Таа страна е целосно поврзана со чардаци и издадени балкони изработени во армиран бетон, од кој се шири поглед кон реката Вардар. Исто така, и конаците од јужната страна се реновирани од тврд материјал и претставуваат една целина сите заедно. За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога Германците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него.[5] Во нјзина чест во манастирскиот двор е поставена спомен-плоча, а народниот пејач нејзе ѝ ја посвети Песната за бабата Митра. Прослави на верски празнициВо манастирот се одржуваат големи општонародни собири за прослава на верските празници Ѓурѓовден на 06.05. и Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Мала Богородица на 19.09[6]. За време на одржувањето на прославата на овие празници, спиењето во манастирските конаци е бесплатно[7]. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia