Серта
Серта или Конечка Планина — средновисока планина којашто се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долините на Вардар и Крива Лакавица во Радовишко. Протегање и природни одликиСерта е гранична планина помеѓу двете релјефни целини Ниска Македонија и источно-вардарска група планини и котлини во Штипската околија, на околу 15 км југоисточно од Штип. Позната е и под името Конечка Планина бидејќи започнува кај селото Конче каде и се наоѓа највисокиот врв Волчјак на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на планината е над селото Лесковица, и потоа опаѓа во насока на Радовиш.[1]. Заедно со планините Градешка Планина, Плавуш и Смрдеш претставуваат планини од Вардарската зона и имаат заеднички правец на динарско протегање[2] од северозапад кон југоисток. Планинските била им се заоблени[2]. Покрај највисокиот врв Волчјак, на Серта уште се издвојуваат и врвовите Кула во средишниот дел и Стракалево (Штркалево - 711 м.) во северниот дел[2]. Просторот кој на север се протега кон реката Брегалница е познат под името Сландол[2]. ТуризамВо текот на 2014 година, Општина Конче започнала активности за изградба на десет планински куќи на планината со цел поттикнување на туризмот во целата област. Куќите се предвидува да бидат градени во крошните на буките, со површина од 16 м2 и 2 м висина, градени исклучително со природен материјал.[3] Покрај пристапниот пат до секоја од овие куќи, се предвидува да бидат изградени и летниковци во нивна близина. Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia