Нематеријално културно наследство![]() Нематеријалното културно наследство или нематеријалното културно добро — како што е определено од УНЕСКО, е практика, претставување, изразување, како и комбинирани знаења и неопходни вештини, кои заедниците, групите, а во некои случаи и поединците ги препознаваат како дел од нивното културно наследство.[1] Општи информацииНематеријалното културно наследство, понекогаш наречено живо културно наследство, се пројавува, меѓу другото, во следните области:
Пренесено од генерација на генерација, постојано обновувано во општествените заедници и групи, како реакција на околината, како интеракција со природата и историските услови на постоење, нематеријалното културно наследство буди чувство на идентитет и континуитет. Посебното значење на ова наследство се одразува во фактот што тоа не е исклучиво поврзано со особините на домородните култури или со помалку развиените заедници и малцинства во поразвиените општества. Туку тоа придонесува за чувство на припадност на поединецот на заедницата од која доаѓа, како и на човештвото воопшто, бидејќи ги поврзува човековото минато, сегашност и иднина во една единствена низа. Нематеријалното културно наследство е урбано колку што е и рурално. УНЕСКО идентификува пет области во кои се манифестира нематеријалното (живо) културно наследство, и тоа:
Треба да се напомене дека поединечниот израз на нематеријалното наследство не може да се сведе на една област како што е наведено погоре, но едно наследство припаѓа на неколку области во исто време. Материјално и нематеријално наследствоЕлементите, во содржината на материјалното наследство, постојано се испреплетуваат со нематеријалните елементи и обратно, а нематеријалното наследство е придружено и составено од материјални предмети кои се негов производ. И како секое материјално добро има историја, порака, контекст, амбиент кои се дел од материјалното наследство; креативност, митологија, верувања, усна историја, традиционална изработка, тоа истото го има и нематеријалното наследство. Затоа, треба да се има предвид дека нематеријалното наследство не е крајниот производ, туку целиот процес, сите знаења и вештини вклучени во процесот на создавање на крајниот производ, како и процесот на пренесување на тоа знаење. ЗначењеЗначењето на нематеријалното културно наследство е во тоа што тоа е важен чинител за зачувување на светската културна различност, кој ја промовира, одржува и развива културната различност и човечката креативност. Разбирањето на нематеријалното културно наследство на различните заедници го олеснува меѓукултурниот дијалог и поттикнува меѓусебно почитување на другите начини на живот. Значењето на ова културно наследство се рефлектира во самиот културен настан, но и во богатството на знаења и вештини кои се пренесуваат низ генерациите. Ако некој обичај не се практикува и не се одржува, или веќе не е ни во колективната меморија, тој престанува да биде дел од нематеријалното културно наследство, како нешто што е живо. Галерија на слики од нематеријалното културно наследство на човештвото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia