НерејНереј (грчки: Νηρεύς) - прастаро старогрчко божество на морето, син на Понт и Гаја, брат на Тавмант, Форкин, Кето, Еврибија.[1] Одлики и историја на ликотОкеанидата Дорида му родила на Нереј 50 или 100 ќерќи (наречени Нереиди), а се споменува и еден син, по име Нерит. Нереј живеел во морските длабочини, опколен со љубовта и почитта на своите керќи; тој бил благ, не ја заборавал правдата и спротивно на молчеливото и сурово море со кое владеел, имал само добри намери и мисли. Нереј поседувал дарба за пророштво и способност да се преобразува во најразлични суштества и природни елементи. Пред Херакле се претворил во вода и оган, но сепак му го покажал патот до градината на Хесперидите. Се зборувало дека на Парис, на патот меѓу Спарта и Троја, му ги толкувал последиците од грабнувањето на Елена и дека му ја претскажал судбината.[1] Уметнички приказ на ликотНереј се замислувал како белокос старец во бела облека, целиот во пена, со скиптар или тризабец во раката. Во ликовната уметност ретко бил прикажуван. На вазите најчесто се прикажувала неговата средба со Херакле. Понекогаш се претставувал со тело на риба, со риба во раката или како јава на морско коњче.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia