Неферкаре Неби
Неферкаре Неби (исто Неферкаре III) бил староегипетски фараон на Осмата династија за време на раниот Прв преоден период (2181–2055 г. п.н.е.).[1] Според египтолозите Јурген фон Бекерат и Дарел Бејкер, тој бил четврт крал на Седмата династија, бидејќи се појавува како четврт крал во списокот од Абидос меѓу кралевите од таа династија.[2][1] Името на Неферкаре Неби е јасно читливо на списокот од Абидос (број 43), и за разлика од другите кралеви од тој период, потврден е преку два други извори од тој период. Неговото име се појавува на лажната врата во гробницата на Анкесенпепи II, а испишано е и на нејзиниот саркофаг. Ова покажува дека мајката на Неферкаре Неби била кралицата Анкесенпепи II, поради што најверојатно негов татко бил Меренре Немтиемсаф I.[1] Стелата на Анкесенпепи II содржи запис дека Неферкаре Неби започнал со изградба на пирамида, најверојатно во Сакара, а името на пирамидата било Ḏd-ˁnḫ Nfr-k3-rˁ nbjj, со значење „Неферкаре Неби е траен живот“.[2] Местоположбата на пирамидата е непозната, а можно е дека никогаш не стигнала до фаза на изградба.[1] Како и многумина кралеви од Осмата династија, Неферкаре Неби не се споменува во Торинскиот канон поради големата лакуна што се појавила на местото каде би требало да биде наведен.[3]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia