Новоселански манастир
Новоселански манастир — нов манастир во кочанското село Ново Селани. МестоположбаМанастирот се наоѓа во источниот дел на селото Ново Селани, пред самиот влез во селото. ИсторијаСите градби во и околу манастирот биле подигнати по откривањето на еден црковен објект во 1981 година, кој претставувал еднокорабна базилика со нартекс. Должината на црквата била 16,70 метри, а ширината 10,60 метри. Sидовите биле градени од кршен камен и малтер со ширина од 0,65 метри. Покрај црквата се наоѓа природен извор со култно место посветено на Света Петка.[1] Покрај главната црква „Св. Петка“, биле обновени или изградени уште објекти врз стари ранохристијански темели во времето на покрстувањето на Словените на Брегалница.[1] Градби во манастиротМанастирот е составен од црквите „Св. Петка“ и „Св. Марина“, два параклиса, трпезарија и помошни објекти. Црква „Св. Петка“Црквата е подигната во 1981 година на стари темели. Црква „Св. Марина“Црквата е нова градба за која нема податоци за изградбата. ПараклисиВо дворот на манастирот се наоѓаат и параклисите „Св. Јаким“ и „Св. Недела“. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia