Општина Чешиново-Облешево
![]() ![]() Општина Чешиново-Облешево — општина во Кочанско, Источна Македонија. Општинско седиште е селото Облешево. Општината била создадена во 2004 година со спојување на општините Чешиново и Облешево. ИсторијаИсторијата кажува дека денешната територијата на општина Чешиново-Облешево отсекогаш била центар на овој регион каде биле сместени органи на државната управа за секоја власт своевремено. Историските податоци кажуваат дека уште со формирањето на кралството СХС па сè до крајот на Втората светска војна овде било сместено седиштето на локалната власт на српските управители а подоцна и на бугарските кметови за време на Втората светска војна. Со првиот закон за територијална организација на општините во Република Македонија од 1996 година на оваа територија постоеле две општини и тоа Општина Облешево и Општина Чешиново. Со законот за територијална организација од 55/2004, 12/2005 година општина Чешиново се припои кон општина Облешево во заедничка општина со едно име Општина Чешиново-Облешево. Општи податоциОпштината Чешиново-Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанско Поле. Зафаќа простор во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во подножјето на планините Осогово и Плачковица.Општината зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини Кочани, Штип и Пробиштип. Преку главната сообраќајница Штип-Кочани-Делчево, општината се поврзува со Р. Бугарија. Општина Чешиново-Облешево зафаќа територија од 133,5 км2, на која се протегаат следните населени места: Чешиново, Облешево, Соколарци, Спанчево, Теранци, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Бања, Врбица, Ново Селани и Лепопелци. Седиште на општината е Облешево. Целокупниот регион на општината е поделен на рамничарски дел- обработливо земјиште 6.618 ха и планински дел-шуми 1.045,3 ха. Просечната надморска височина во општината изнесува 338.Изразено по населени места тоа изгледа вака:
НаселениеСпоред последниот попис од 2002 година општината има 7.490 жители, од кои[2]:
Сè до средината на минатиот век немаме пишани податоци за бројот на населението на територија на општина Чешиново-Облешево.Првите податоци ги сретнуваме дури во 1866 година, но и тие не се точни бидејќи се дадени по проценка: за македонското население е даден вкупниот број а за турското-само за машкото население.Поточни податоци се сретнувааат некаде дури околу 1900 година.Во табелата е наведен бројот на населението во сите населени места почнувајќи од 1900 година:[3]
Денес на територија на општина Чешиново-Облешево живеат вкупно 7.490 жители (Попис 2002 година) изразено во домаќинства бројот изнесува вкупно 2.423 домаќинства или 2960 станови за живеење. Просечен број на членови на едно домаќинство изнесува 3,1. Според националната припадност на територија на општината живеат 7.455 Македонци, 30 се влашко население 4 срби и 1 се изјаснил како останато.Од вкупниот број на жители 45,6% се активно население.Густината на населението изнесува 56,6 жители на 1 км2. Миграцијата село-град последните години е доста опадната и младото население останува во општината, барајќи издршка во земјоделието. Во табелата е прикажан вкупниот број на население даден според возрасни групи, состојба 30.06.2008 година, по спецификации. (Податоци од ДЗС)
Природни ресурси
Карактеристична за ова поднебје е умерено континенталната клима која се одликува со долги и топли лета и кратки и благи зими.Годишната температурна амплитуда е доста голема и изнесува 25,4 °C. Во Чешиново-Облешево зимата не е многу студена и не трае долго, ретко паѓа снег а и кога ќе падне не се задржува долго.Пролетта е умерено топла и во споредба со другите годишни времиња е доста врнежлива.Наспроти неа летото е многу топло и суво. Есента исто така е топла и често доста долга. Ветровите во општина Чешиново-Облешево дуваат речиси од сите правци и во секое време од годината. Сепак најголема честина имаат ветровите кои дуваат од југозападен и од западен правец. Овие ветрови доаѓаат од Овче Поле поради што населението ги вика под едно име Овчеполец. Тоа се главно топли и прилично благи ветрови. Дуваат најмногу во пролет и во есен. На второ место е североистчниот ветар кој доаѓа по долината на реката Брегалница.Тоа е студен ветар и донесува ведро време. Дува најмногу зиме. Од температурата на воздухот зависи неговата влажност која е важен климатски елемент за земјоделството .Просечната релативна влажност на воздухот изнесува 70%. Најниска е во месец август 56% а највисока во месец декември 83%. Во Чешиново-Облешево паѓа просечно по 538мм дожд. Најмалку дожд паѓа во месец јули 25 мм, а најмногу во мај 68 мм. Најголем број од врнежите се во вид на дожд. Бројот на деновите со магла е незначителен и облачноста не е голема. Средната годишна облачност изнесува 5,0. Вовлечен ред
Општина Чешиново-Облешево располга со земјиште со најквалитетни алувијални почви кои се протегаат по текот на реката Брегалница, Масалница Кочанска и Злетовска река. Ридскиот и планинскиот дел главно е покриен со делувијални почви. Овие два типа почви алувијалните и делувијалните зафаќаат околу 90% од целокупната површина на рамниот дел од котлината. Останатите видови почви како црвениците, смолниците и други покриваат 10%. Алувијалните почви имаат добри хемиски физички и хидропедолошки својства и како такви влегуваат во редот на најквалитетни видови почви. Тоа се млади почви кои и денеска се создаваат и постојано се обновуваат со нови количини речен нанос. Содржат доста хумус, органоминерали, глини и биогени елементи. Најпогодни за обработка се оние кои имаат длабок физиолошки активен слој со подземни води на 1-2 метри. Проблем претставуваат поплавите бидејќи тогаш со нанесувањето на чист чакал и песок врз плодните алувијални почви се создаваат и неплодни површини.Кон вливот на Злетовска Река во река Брегалница алувијалнитењ почви преоѓаат во песокливо глинести. Истите лесно се обработуваат и даваат високи приноси на ориз и други житни култури. Делувијалните почви се раширени по рабниот дел на полето. Се јавуваат во вид на наносни конуси меѓу рамното дно и повисоките ридови и планински терени.Во зависност од механичкиот состав може да бидат песокливи и глинести.Малку содржат органски материјали и се сиромашни со хумус. На нив добро успеваат житата, афионот бостанот, а доколку се наводнуваат погодни се за овоштарници и лозови насади. Смолниците во вид на појаси се јавуваат во подрачјето на селата бања, Спанчево и лепопелци. Настанати се врз езерски терциерни глини и вулкански туфови. Кога се наводнуваат набабруваат, но слабо пропуштаат вода. Тешки се за обработка, меѓутоа содржат доста хумус и се плодни. Погодни се за одгледување на нивски култури, а посебно на пченицата. На нив успеваат и некои индустриски култури како шеќерната репа, памукот, тутунот и афионот. Хидрогените црници содржат најмногу глина над 30% и доста хумус, поради тоа доста личат на смолниците. На нив се одгледуваат нивски култури и ориз (с.Кучичино). Источно од Злетовска Река околу Уларското Блато се јавуваат мочурливи-глејните почви, но само на мали површини. Планинските делови на котлината главно се покриени со кафеави шумски почви. На нив расте шумска вегетација и тоа букова и иглолисна шума. Во полјоделството се користат за одгледување на р’ж и компири, а од овошјето на нив успеваат сливата и јаболката.
Река Брегалница тече по средината на полето и е главен реципиент во котлината. Во неа се влеваат сите речни текови од ова подрачје. Во Кочанската Котлина (во која голем дел зафаќа и атарот на општина Чешиново-Облешево) Брегалница навлегува кај с.Истибања тече кон југозапад кон с.Крупиште. Низ полето реката има рамнински карактер со просечен пад од 1,8%. Коритото и е плитко и непостојано често затрупувано со наноси на притоките и пороите што предизвикува излевање на водата и пополнување на околното земјиште. Поголеми притоки на Брегалница се Кочанска Река, Оризарска Река и Злетовска Река кои се влеваат од десната страна на нејзиното корито.Покрај нив постојат и помали рекички и потоци како на пример Спанчевска река, Банска река и други кои немаат изградено корито до Брегалница. Кочанска река извира од јужната страна на Лопенската Била на Осогово во месноста Ретки Буки на надморска височина од 1.630м, а во Брегалница се влева над с.Чифлик на 295 м.н.в.Од Кочани до вливот тече како рамничарска река. Оризарска река извира под Царев Врв на Осогово на надморска височина од 1.510м, а во Брегалница се влева кај с.Теранци на надморска височина од 320 метри. До с.Оризари долината е клисуреста и е позната како Оризарска Река, а потоа низ полето до вливот тече како низинска река под името Масалница.
Полето на територија на општина Чешиново-Облешево се наводнува со води од вештачкото езеро „Калиманци“. Тоа се наоѓа на реката Брегалница во Овчипалско-Истибањската клисура, а е изградено во 1969 година. Браната е каменонасипна со глинено јадро, висока 92м. А долга 240м. Езерото е долго 14км., широко 0,3км. и длабоко 80м. Зафаќа површина од 4.23 км2 и акумулира 127м3 вода. Основната намена на ова езеро е за наводнување на околу 28.000 ха главно оризови полиња во Кочанската котлина но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. За таа цел изградени се два главни канали од кои десниот има должина од 98 км и водата од ова езеро ја носи дури до Овче Поле, а левиот 36 км. Вишокот од вода се користи за производство на електрична енергија преку за таа цел изградена хидроцентрала со инсталирана моќ од 12,8 MW.
Неметалите во овој регион се изразени преку организираната експлоатација особено на опалската бреча (рудникот за неметали „Опалит“ Чешиново) која се употребува за додаток во цементот ; потоа опализираниот туф од „Неметали“ Чешиново со производната програма од прашкасти и гранулирани производи со широка примена во технологијата за вода, градежништво, гумарската индустрија, хемиската индустрија и др.; глина од индустријата за градежни материјали ИГМ „Брегалница“ Кучичино градежен камен (андезити, андезитски игнимбрити, габро кровни шкрилци), пескови и чакали експлоатиран воглавно од речните корита на реката Брегалница и Злетовска Река. Опалска бреча Составена е од силициумова киселина (опал). Минерали во нејзиниот состав се: калцедон, каолинит, хематит, лепидокрокит. Наоѓа широка примена во цементната индустрија. Опализиран туф Припаѓа на групата на пирокластични стени. Изразито е лесен и доста хигроскопен, доста е дроблив и крт. Наоѓа широка примена во градежната, цементната, керамичката и гумената индустрија како и во индустријата за вештачки ѓубрива. Кварцни суровини Се произведуваат следните видови на кварцни суровини: висококвалитетни кварцови и кварцити. Наоѓаат примена во електрометалуршката и хемиската индустрија како и во градежништвото. Од металите забележано е присуството на бакарот, цинкот, оловото и железно-титанските минерали со карактер на минеролошки појави чие присуство е забележано во централниот Осоговски масив.
Изворот во с.Бања во минатото претставувал каптажа во вид на обичен бунар соѕидан со камења, со длабочина од 2,30м и бил покриен со бетонска плоча отворена во средината за ослободување од водената пареа. Нивото на водата во каптажата се наоѓа на 1м под површината на теренот. Старата бања, примитивно изградена, се наоѓала до самата каптажа. Еден дел од водата од каптажата е спроведен во самата бања, а другиот во селската чешма која се наоѓа веднаш пред бањата. Денеска овде постои изграден бањолошки центар. За бањата е обезбедено доволна количина на термоминерална вода, која е со висока температура од 63˚С. Лековитите својства на водата се исти со водата на Негорска бања. Така, констатирано е дека водата делува благотворно при лекувањето на следните болести: заболувања на жолчните патишта и жолчната кесичка, гинеколошки заболувања, воспаление на нервите, ревматични заболувања и други болести. Но најголем ефект со оваа вода како лековита е постигнат при лекувањето на чир на желудникот и на дванаесетпалачно црево.Оваа вода може да се применува и за инхалации, поради што може да има силно благотворно дејство на катаралните воспалувања на дишните патишта. Во моментот бањолошкиот центар заради нерешените сопственички и управувачки права и односи не е во активна состојба, со што од една страна објектот е оставен на забот на времето, а потенцијалите за преотстапување на стопанисувањето од Владата на РМ, со што се надева дека наскоро ќе може да планира нов, современ развој на бањата. ![]() Инфраструктура
Назив: Индустриски дел с.Чешиново Локација 2 Електрификација ПТТ мрежа Водовод Канализација Патна мрежа Јавно Претпријатие ОбразованиеНаставата во општина Чешиново-Облешево се изведува во две основни и осум подрачни училишта и тоа во склоп на ОУ „Климент Охридски “ Облешево работат четири подрачни училишта во населените места Бања, Теранци, Чифлик и Кучичино, а во склоп на ОУ „Страшо Пинџур“ Соколарци работат исто така четири подрачни училишта во населените места Чешиново, Спанчево, Жиганци и Уларци. Во моментов наставата ја следат вкупно 584 ученика. Во училиштата се вработени вкупно 71 наставник во одделенска и предметна настава. Заради вклучување на граѓаните од регионот преку различни облици на активности кои ќе овозможат размислување и дејствување во согласност со современите научни, културни и демократски достигнувања се формира Невладината организација „ Центар за едукација Чешиново-Облешево“. Центарот во соработка со Основните Училишта на територија на општината организира курсеви по информатика и странски јазици. Културно историски споменициДека овој крај бил многу густо населен во античко време покажуваат многу археолошки наоди и споменици.Меѓу археолошките материјали најчесто сретнуваме големи римски питоси, покривна и градежна керамика, фрагменти од други керамички садови, фрагменти или цели надгробни споменици и некрополи. Големи римски питоси се најдени а и денес сè уште се откриваат на повеќе места но треба да се напоменат наоѓалиштата „Турски гробишта“ кај селото Бања-каде се откриени и цели антички згради, и „Градиште“ во близина на Спанчево.Антички скулптури и надгробни споменици се откриени и во наоѓалиште кај с. Теранци, тоа е тркачки коњаник претставен во акција со хламида лесно подигната и набрана од ветерот. Околу нозете на коњот движењето го следи и едно куче. Споменикот денес се наоѓа во лапидариумот на Музејот во Штип.На 7км од селото Теранци се откриени исто така остатоци од бедем и неколку згради. По својата местоположба и форма посебно интересно е градиштето во близина на селото Бурилчево. Местото е наречено „Пилаво“. Во него се откриени траги од бедем што опфаќал поголем зарамнет простор во кој останало многу градежен материјал и керамика. Овде се откопани и неколку римски питоси. Интересно за споменување е и градиштето над селото Соколарци. Од постарите зачувани цркви ќе ја споменеме таа посветена на св.Архангел Михаил во с.Спанчево. Од стариот фреско живопис во олтарниот простор се зачувани светителите од „Великиот вход“ и „Богородица ширшаја небеса“.Стилската анализа на зачуваниот живопис укажува на времето од XVI до XVII век. Во XIX век црквата била преправана и доградена при што поголемиот дел од стариот живопис бил уништен. Од постарите цркви е и црквата „Манастириштето“ над с.Соколарци. ![]() Спорт и спортски манифестацииОд спортските манифестации вредно за споменување е одржувањето на Илинденски Спортски Игри Чешиново-турнир во фудбал, кој оваа година се одржа по 41ви пат. Турнирот односно манифестацијата трае еден месец 01.07-02.08 секоја година. На турнирот учествуваат екипи на Месните Заедници пошироко од Источниот Регион. Покровител на игрите традиционално е општина Чешиново-Облешево. Оваа манифестација е од битно значење како за афирмирање на фудбалот воопшто така и за развивање на спортскиот дух кај младите. На полето на спортот активни се Фудбалските Клубови „Злетовка“ Жиганци, „Сокол“ Соколарци, „Плачковица“ Теранци, „Мак Млин“ Чешиново, „Ревија“ Чифлик, „ Слобода“ Облешево, „Брегалница“ Кучичино, „Правда“ Бања и „Опалит“ Спанчево кои се натпреваруваат во општинската лига. ![]() Деловни субјектиОпштина Чешиново-Облешево претставува една од ретките општини во Република Македонија со висок степен на стопанска развиеност и со оглед на тоа има извонредна основа за перспективен економски развој.Тука се сместени и стопанисуваат повеќе индустриски и преработувачки капацитети. Рудниците Опалит и Неметали (наоѓалишта на вулканизиран туф кој се користи во цементната индустрија); фабриките за ориз и млиновите „Мак Млин“, „Млин Пајо-Оризарство“, „Млин Кула“, „Прогрес“, „Данбоз“, „Го-Мил“, „Еуро Производ“, „Млин Уларци“; погоните за лесна конфекција „Јани-текс“ и „Ро-Ма текс“, млекарата „Осогово-Милк“ , фабриката за тули ГЗ „Брегалница“; бензинската пумпа „Еуро Петрол“, станицата за технички преглед „Еуро Контрол“, транспортното претпријатие „Нале Транс“ и други. На територија на општината работат и неколку ресторани и кафе барови. Најпосетени од нив се Ресторанот Амбасадор во Облешево и кафе барот Мак Млин во Чешиново. Здравство - социјален секторНа територија на општина Чешиново-Облешево работат три амбуланти по општа медицина од кои две во населеното место Чешиново „Ана Мед“ и „ИН Медика“ и една во Облешево „Д-р Влатко“. Во амбулантите работат по еден доктор и една медицинска сестра. Амбулантите се модерно опремени за комплетна превентивна здравствена заштита на населението на територија на општина Чешиново-Облешево па и пошироко. На територија на општината работат и две стоматолошки ординации во кои работат по еден доктор стоматолог и еден забен техничар „Стома Дент“ и „Даре Дент“.Ординациите се сместени во Чешиново и Облешево. Амбулантите работат секој работен ден а во сабота, недела и празници воведени се дежурства. На територија на општината работи и една аптека во населеното место Чешиново. За зачувување на сточниот фонд на територија на општината работи Ветеринарната станица „Здравје“. Лов и риболов
Ловното Здружение „Горица“ од с.Чешиново е корисник на ловиштето бр.4 Соколарци (Одлука на Влада бр.23-2157/3 од 16.05.2000 година). Вкупната површина што ја зафаќа ловиштето изнесува 8350 ха од кои под ловна површина 8110 ха, ловнопродуктивна површина 7270, ловно непродуктивна површина 840 ха и не ловна површина 240 ха. Намена на ловиштето е за одгледување, заштита и ловење на ситен дивеч.Во границите на ловиштето се среќаваат следните видови на дивеч без заштита и тоа: лисица, ласица, кунабелка, твор, јастреб, кокошкар, страчка, волк и др.Што се однесува на бројноста на дивечот без заштита не е забележана пренамноженост на некој од нив со исклучок на лисицата. Дивеч под заштита во Ловиштето бр.4 Соколарци се див зајак, полска еребица и еребица камењарка.
Во река Брегалница можат да се сретнат следните видови на риба: Црвеноперка, Клен, Бојник и други. Во средниот и долниот тек на Злетовска река ги има следните видови на риба: Мрена, Клен, Кленче, Вретенар, Караш, Попадика, Бојник и други. Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Чешиново-Облешево е Горанчо Крстев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Чешиново-Облешево е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност се: ![]() СДСМ: 5 места ВМРО-ДПМНЕ: 5 места НДМ: 1 место Организација на единицата на локална самоуправа Чешиново-ОблешевоОрганизациона поставеност: -Градоначалник Постојани Комисии на Советот се: Организациона поставеност на општинската администрација - Општинската администрација во општина Чешиново-Облешево се организира во одделенија . - Општинската администрација ја сочинуваат: 1.Одделение за човечки ресурси, правни и општи работи 2.Одделение за урбанизам,финансии, администрирање на даноци и такси и локален економски равој 3.Одделение за инспекциски работи ![]() ![]() Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia