Новоселски манастир
Свети Антониј — православен македонски манастир над струмичкото село Ново Село.[1] Основни податоциМанастирот се издига на рид на планината Огражден, што се наоѓа над Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село. Во склоп на манастирот има конак каде живеат тројца монаси во склад со Аскетско – исихастичката традиција на Светогорските манастири. Во манастирот е развиено пчеларството и се произведува квалитетен мед. На тоа место во 90тите години била откриена некропола, која најверојатно датирала од римско време, и подоцна се покренала иницијати за изградба на манастирски комплекс.
Главната и единствена манастирска црква е посветена на Свети Георгиј. Таа е осветена на 28 август 2004 година на празникот Голема Богородица со благослов на Струмичкиот Митрополит Господин Наум. Црквата сè уште не е фрескоживописана и не е изработен иконостасот (состојба 2015). ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia