Општина Ново СелоЗа други истоимени места, погледајте Ново Село.
![]() ![]() Општина Ново Село — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село. ГеографијаГраниците на општина Ново Село на исток допираат до државната граница на Македонија со Бугарија, а на југ до државната граница на Македонија со Грција, притоа опфаќајќи ја тромеѓата меѓу триве држави. Општина Ново Село на запад граничи пак со општините Струмица и Босилово, а на север и со општина Берово. ИсторијаСтопанствоДемографијаОпштина Ново Село има вкупно население од 11.567 жители според податоците од пописот од 2002 година. Општината опфаќа 16 населени места (по азбучен ред): Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Општината има густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.[2][3] Македонците се најбројна етничка група во општината според пописот од 2002 година:[4]
Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следните јазици:[4]
Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следните религии:[4]
Општествени установи
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Ново Село е Никола Андонов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на предвремените локални избори 2019 година. На локалните избори во 2017 година бил избран Боро Стојчев, кој поднел оставка.[5] Советот на општина Ново Село е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 8 места ВМРО-ДПМНЕ: 7 места Културни и природни знаменитостиНедалеку од Општина Ново Село се наоѓа познатиот хотел „Подгорски Ан“. Редовни настаниЛичностиКултура и спортНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia