Ново Маало (Пазарџичко)
Ново Маало или Медени Полјани (бугарски: Медени поляни) — село во општина Срница, Пазарџичка област, Пиринска Македонија. Географија и местоположбаСелото Ново Маало се наоѓа длабоко во Родопите, на надморска височина од 1,430 метри. Од градот Банско е оддалечено 26 километри источно, додека од својот општински центар Срница, е оддалечено 23 километри југозападно. Од градот Пазарџик (кадешто и административно припаѓа) е оддалечено 57 километар југозападно. Низ селото поминува реката Доспат. ИсторијаСтопанствоАтарот на селото зафаќа површина од 58км². Околу селото има тревна вегетација, додека на остатокот од атарот преовладуваат шумите.[1] НаселениеСпоред пописот од 2021 година, селото имало 671 жител, со густина на населеност од 17 луѓе на километар квадратен. Во пописот од 2011 година имало 728 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -1.77%.[2] Општествени установиВо селото работи основно училиште, именувано по бугарскиот револуционер и просветител Георги Раковски. Во селото функционира и џамија. Самоуправа и политикаДо 1961 селото претставува едно од многуте маала на Бабјак. Во 1961 му се дава статус на посебно населено место и се преименува од Ново Маало во Медени Полјани. Во 2014 година селото се оттргнува од општина Велинград и заедно со селата Побит Камук и Срница, ја образуваат новата општина Срница. Поштенски код на селото е 4637. Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia