Нојхарлингерзил
Нојхарлингерзил (германски: Neuharlingersiel; долногермански: Neeharlingersiel) — општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото Нојхарлингерзил претставува морска бања од 1979 година, а од 1996 година е прогласено за покраинско здравствено одморалиште. Местата Алтхарлингерзил и Остбензе претставуваат крајбрежни бањски места од 1985 година.[2] Пристаништето во Нојхарлингерзил е пристаниште за источнофризискиот остров Шпикерог. ГеографијаМестоположбаОпштината се наоѓа во областа Харлингерланд во Источна Фризија на брегот на Северното Море. Долж крајбрежјето се протега националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година претставува светско културно наследство. Соседни општиниОпштината Нојхарлингерзил на исток се граничи со Каролинензил, дел од градот Витмунд, на југоисток со општината Вердум, на југ со општината Штедесдорф и на југозапад со градот Езенс. На север се наоѓаат источнофризиските острови Лангеог и Шпикерог. Општински единициОпштината Нојхарлингерзил се состои од местата:[3]
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia