Езенс
Езенс (германски: Esens) — мал град во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Историски градот како најважно средишно место припаѓал на областа Харлингерланд, која припаднала на Грофовијата Источна Фризија од 1600 година. Од 1885 година, Езенс е дел на округот Витмунд, кој бил создаден од Амт Витмунд и Амт Езенс, како и самиот град Езенс. Местото Бензерзил е покраинско здравствено одморалиште и поседува пристаниште. Со ферибот од Бензерзил може да се стигне до островот Лангеог. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. ГеографијаМестоположбаГрадот Езенс се наоѓа на северниот раб од олденбуршко-источнофризискиот гест, оддалечен околу четири километри од долносаксонското Ваденско Море. Околината се состои од мали села, како и имоти.[2] Окружниот град Витмунд е оддалечен околу 16 километри, додека градот Аурих околу 26 километри. ВодотециЕдинствен значаен водотек во градското подрачје е Бензер Тиф, што е истек, а не вистински водотек. Соседни општиниГрадот Езенс на североисток се граничи со општината Нојхарлингерзил, на југоисток со општината Штедесдорф, на југозапад со општината Морвег и на запад со општината Холтгаст. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 20 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 7.001 и 8.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[4]
ГрадоначалникОд 1 јуни 2015 година, градоначалничка на Езенс е Карин Емкен (SPD).[5] Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia