ОУ „Беса“ - Мала Речица
Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „беса“ што означува Чесен збор или ветување. МестоположбаУчилиштето се наоѓа во селото Мала Речица. ИсторијаПо долги години најави од страна на општинските власти,[2] училиштето во Мала Речица започнало да се гради во 2020 година, кога било планирано да го носи името „Наим Фрашери“ и со тоа да биде подрачно училиште на основното училиште „Наим Фрашери“ од Тетово.[3] Во 2021 година, училиштето започнало со работа за учениците од прво одделение како подрачно училиште на ОУ „Наим Фрашери“ од градот Тетово.[4] Со одлука на Советот на Општина Тетово во 2023 година било одлучено училиштето да стекне статус на централно училиште со преместување на централното училиште „Беса“ од селото Вешала во Мала Речица. Кон училиштето како подрачни ќе останат училиштата во Вешала и во Бозовце.[5] НаставаВо училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia