Мала Речица
Мала Речица — село во Општина Тетово, во непосредна близина на градот Тетово. Географија и местоположбаСелото се наоѓа јужно од градот Тетово, оддалечено само 3 километри од центарот на градот, со што може да се смета и како негово предградие. Се наоѓа на 460 метри надморска височина. ИсторијаЗа настанокот на името на Мала Речица се врзува легендата со овчарот Невен Пејо. На Шар Планина недалеку од Тетово постоело место со повеќе богати извори на минерална вода на кои често навраќал овчарот Невен Пејо со своето стадо, да пладнува под сенките на костените и да пие ладна планинска вода. Под изворите со кисела вода, градинарите подигнале убави овоштарници, а тука почнале да градат и куќи. Тука настанало селото Мала Речица кое до денешен ден е познато по најдобрите градинари во Полог[2]. Од поновата историја Мала Речица ќе биде запаметена по отворањето на нелегалниот парауниверзитет на албански јазик во 1994 година[3]. По непочитувањето на одлуката на Владата за негово затворање, во 1995 година следеше полициска акција и масовни нереди во кои загинало едно лице. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Речица живееле 300 жители, сите Албанци.[4] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Мала Речица — село во Долнопалчишка општина и има 60 куќи со 408 жители Албанци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6] На пописот од 2002 година, селото имало 8.353 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија. Во него имало 1 Македонец, 8.321 Албанец, 4 Турци, 1 Србин и 26 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.468 жители, од кои 1 Македонец, 2.337 Албанци и 130 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМала Речица е албанско село. Најстариот албански род во тетовското село Мала Речица е Кичик (50 куќи). Потекнува од родот Красниќ во северна Албанија. Овде најпрвин дошол нивниот предок Асан, додека неговиот брат Фазлија тогаш се населил во некое тетовско село близу Мала Речица и таму основал посебен род- Фазлие (14 куќи). Доселени се кон крајот на 18-от век.[13] Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 1989, 1989/1, 1990, 1990/1, 1991, 1991/1, 1992, 1992/1, 1993, 1993/1, 1994 и 1994/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на земјоделско училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 7.790 гласачи.[16] Културни и природни знаменитостиЦркви и манастириРедовни настаниЛичности
Култура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia