ОУ „Братство-Миѓени“ - ТетовоЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Братство“.
Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство. ИсторијаУчилиштето е едно од најстарите, основано во 1958 година под името „Братство-Единство”. Сместено било и сѐ уште е на улица „Љубо Божиноски – Пиш“ бр. 41. Во него во него наставата најпрво се изведувала на македонски и албански јазик од прво до осмо одделение. Подоцна започнала настава на турски јазик од прво до четврто одделение.[2] Училиштето од тогаш до денес се развивало како централно училиште со подрачно училиште во населеното место Сараќино. Во 1993 година училиштето го сменило името во „Братство-Миѓени”.[2] Особености и спецификации![]() Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до деветто одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до деветто одделение во Тетово и од прво до четврто одделение во Сараќино. Воспитно-образовната работа се одвива во 4 градби: зградата на централното училиште, градбата во населбата Спортски Центар, градбата во населбата Дреновец и една подрачна градба во Сараќино.[2] Зградата на централното училиште располага со 29 училници од кои 11 се мали и приспособени во кои потешко е да се изведува современа настава поради ограничен простор. Во него се изведува настава на албански јазик од прво до деветто одделение и на турски јазик исто така од прво до петто одделение.[2] Во новата училишна градба сместена во населбата Спортски Центар има 8 училници на првиот кат и 2 подрумски простории приспособени за училници и една просторија за дневен престој. Во нив учат ученици од прво до деветто одделение со настава на македонски јазик.[2] Во подрачното училиште има 6 училници во кои настава се изведува на македонски јазик од прво до деветто одделение и албански јазик од прво до петто одделение.[2] Во најновата градба во Дреновец учат ученици од прво до деветто одделение со настава на албански јазик во 18 училници. Во градбата има наставничка сала, канцеларии за помошникот директор, за педагог и психолог, библиотека, кабинет по информатика, просторија за физичко, една котларница, како и просторија за хигиеничарите. Градбата рaсполага со голем број на неискористен простор (училници и др. простории).[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia