ОУ „Браќа Миладиновци“ - ОстровоЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Браќа Миладиновци“.
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци. ИсторијаОд основањето во 1945 година, училиштето променило повеќе местоположби. Првата училишна зграда била во скопското Маџир Маало, каде што денес се наоѓа зградата на Народната банка на Република Македонија. Од 1944/1945 до 1949/1950 година, училиштето работело во училишната зграда на ОУ „Тефејуз“, а во учебната 1950/51 година се преселило во посебна зграда, која постоела до земјотресот во 1963 година. Потоа, во 1964 година, училиштето било преселено во населбата Острово, во тогаш Општина Кисела Вода (денес Општина Аеродром), каде што работи и денес.[2] Како наставник во ова училиште работел и познатиот македонски писател Стале Попов, кој предавал македонски јазик, историја, биологија и руски јазик. Од ова работно место, тој се пензионирал во септември 1959 година.[3] НаставаОд учебната 2013/2014 година, во училиштето се имплементира меѓународната програма PYP во одделенската настава, а од 2014/2015 година и програмата MYP во предметната настава. Во училиштето учат над 400 ученици од I – IX одделение, распоредени во 18-20 паралелки, а во одделни години наставата ја изведувале меѓу 45 и 53 наставници, стручна служба и координатори по програмите PYP и MYP.[4][5] РаководењеДиректори на ОУ „Браќа Миладиновци“ биле:[6]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia