ОУ „Васил Главинов“ - ВелесЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Васил Главинов“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски социјалист и поборник за работнички права Васил Главинов. МестоположбаЦентралното училиште се наоѓа во новиот дел од градот. ИсторијаУчилиштето е деветогодишно, чија основна дејност е воспитно-образовна на ученици од I - IX одделение. Училиштето е основано од Општина Велес на 23 октомври 1955 година. Работата ја започнува со 22 паралелки од 1 до 9 одделение со 700 ученици и 30 наставници. Училиштето е верифицирано е со Решение бр.10-942/3 од 8 јуни 1994 година на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија.[2]
Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
До јули 2021 година, училиштето во селото Бузалково било подрачно училиште, но станало самостојно и било именувано како ООУ „Лирија“ - Бузалково[3] и во негова надлежност останувале и подрачните училишта во селото Клуковец и селото Сливник (петгодишни) со настава на албански јазик. Награди и признанија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia