ОУ „Вера Которка“ - Клечевце
Училиштето е именувано по македонската партизанка Вера Которка. МестоположбаОбјектот на училиштето се наоѓа во самото село Клечевце, сместено во средишниот дел на селото. ИсторијаОбјектот на училиштето е изграден во 1928 година, кога наставата се изведувала од прво до четврто одделение. Училиштето прераснало во осумгодишно во 1958 година, кога биле доградени уште две училници и канцеларии. Покривот на училиштето бил обновен во 2010 година, додека прозорците биле заменети во 2018 година. ГрадбаОбјектот е во добра состојба. Површината на објектот е 642 метри квадратни, има седум училници и две помошни простории. Се загрева со помош на печки на дрва.[2] НаставаВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia