ОУ „Герас Цунев“ - Просениково

Герас Цунев
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Струмица
Наречено по: Герас Цунев
Нас. место: Просениково
Адреса: с. Просениково, бр. 80
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1953; пред 72 години (1953)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oougerascunev.weebly.com


Основно училиште „Герас Цунев“ (официјално: Основно општинско училиште „Герас Цунев“ - Просениково; скратено: ООУ „Герас Цунев“ - Просениково) — централно основно училиште во струмичкото село Просениково, Општина Струмица.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Герас Цунев.

Местоположба

Училиштето се наоѓа помеѓу населените места Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица-Валандово и Струмица-Штип.

Историја

Училиштето било основано во 1953 година. Во состав на училиштето работеле шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата две училишта припаднале на Општина Босилово, а четири на Општина Василево.

Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и е организирана во две смени и тоа прва смена со почеток од 7:30 часот, втора смена со почеток од 13:30 часот.

Настава

Наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Познати личности кои учеле во ова училиште

  • Запро Запров (р. 1947) - македонски диригент и универзитетски професор

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-16.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya