Општина Босилово
![]() ![]() Општина Босилово — општина во Струмичко, Југоисточна Македонија. Седиште на општината е селото Босилово. Општината Босилово се граничи со Општина Берово на север, Општина Василево на запад, Општина Струмица на југозапад и Општина Ново Село на исток. ГеографијаОпштината се простира на површина од 161,99 км. Сместена во југоисточниот дел на Република Македонија, со правец на протегање североисток - југозапад, распространета во средишниот дел во Струмичкото Поле, зазема значајно место во Струмичкиот регион. Низ нејзиниот средиштен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија. Општина Босилово се наоѓа на надморска височина од 250 метри, опфаќајки ги јужните падини на планината Огражден. Од север се граничи со Општина Берово, од исток со Општина Ново Село, југоисточно граничи со Општина Струмица, а западно со Општина Василево. Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства. Сите села кои егзистираат на територија на оваа општина се низински, со просечна густина од {{км2|95,4}}. Централна населба на општината е Босилово, во кое живеат вкупно 1698 жители, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината. Општина Босилово има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Се наоѓа на само 7 км од најголемиот урбан центар во Регионот, Градот Струмица со кој е поврзан со магистралниот пат М6, кој воедно ја поврзува општината граничниот премин со Република Бугарија. Со повеќето локални патишта таа е поврзана и со останатите населени места во регионот. Хидрографска мрежа
ИсторијаОпштина Босилово како локална самоуправа била формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од 1963 година. СтопанствоДемографија
Според последниот попис од 2002 година, општината има 14.260 жители.[2][3]
Општествени установиВо општината работат следниве основни училишта:
Самоуправа и политика![]() Општинската администрација на Општина Босилово се наоѓа во истоименото село Босилово. Градоначалник на општина Босилово е Зоран Зимбаков од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Босилово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 8 места ВМРО-ДПМНЕ: 7 места Во склоп на општината работат следните одделенија:
Културни и природни знаменитостиАрхеолошки наоѓалишта
Редовни настаниЛичностиКултура и спортЗнамето на Општина Босилово е составено од неколку елементи. Во прицврстениот дел има два триаголника кои се допираат во средината на страничната лента. Триаголниците се поставени на сина основа. Од триаголниците изгрева сонце со пет краци. ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia