ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти
Училиштето е именувано по истакнатиот македонскиот раскажувач и романописец Живко Чинго. ИсторијаВо летописната книга на тогашното основно училиште „Коле Неделкоски“ во 1960 година е наведено дека првото основно училиште во селото Велгошти било отворено во 1876 година. Наставата се изведувала на грчки јазик во пангарот на црквата „Св. Пантелејмон“. Како прв учител бил селскиот поп.[3] Во 1878 година било отворено првото егзархиско училиште и била изградена училишна зграда, во рамки на црковниот двор.[3] Откако училиштето, како и целото село, изгорело во Илинденското востание, наставата повторно се изведувала во црквата. Во периодот 1912-1915 година, наставата се спроведувала на српски јазик.[3] Поголема училишна зграда била направена во 1922 година, која денес повеќе не постои, а се наоѓала на сретселото. Денешната зграда се градела во периодот 1927-1929.[3] Од 1944 година, во училиштето се изведува настава на македонски јазик.[3] Во 1953 година, училиштето го добило името на македонскиот поет и борец Коле Неделковски.[3] НаставаВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia