Црква „Св. Климент Охридски“ - Велгошти
Свети Климент Охридски (позната и како Свети Пантелејмон) — главна селска црква во охридското село Велгошти.[1] Црквата претставува главна парохиска црква на Велгошката парохија.[2] МестоположбаЦрквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото.[3] ИсторијаЦрквата била изградена во 1872 година.[2] Црквата е реосветена на 6 декември 2015 година по повод 180 години од изградбата на храмот и 100 години од реосветувањето на истиот.[4] АрхитектураЦрквата претставува тробродна базилика. Има полукружна апсида. Внатрешниот дел на покривот е сводест.[5] ФрескоживописЦрквата била делумно фрескоживописана во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови биле довршени во 1982 година од страна на уметникот Марјан Ристески од самото село Велгошти.[2] Во црквата е забележано следново:[5] „Живописот е изработен во 1944 година од Коста К. Иванов иконописец од с. Тресонце, Дебарско, за време на инорискиот свештеник Леонид Ив. Трпенов со милоста божја. Мат. помош благочест на Христа од с. Велгош“. ИконостасЦелиот иконостас е споменик на културата.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia