ОУ „Страшо Пинџур“ - ЈосифовоЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Страшо Пинџур“.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур. ИсторијаВо 1963 година, во Јосифово било основано осумгодишното училиште. Прв директор на училиштето бил Никола Колев. При создавањето имало само четири учители, чиј број се зголемил со порастот на бројот на децата. Во средината на осумдесеттите е изградено ново училиште, веднаш до старата зграда, со што се создадени услови за нормално изведување на наставата. Наставата се изведува на македонски јазик, а факултативно се изучува и српскиот. Од странските јазици, во ова основно училиште традиционално се изучува францускиот јазик. Благодарение на љубовта кон францускиот јазик со која се стекнаа со помош на професорката Весна Аризанова, многу од тие некогашни ученици, денес се дипломирани филолози - професори, преведувачи и толкувачи на францускиот јазик. Освен францускиот се изучува и англискиот јазик, а како курсна настава од неодамна и италијанскиот. Во 1998 година почна да се работи на оспособување на старата училишна зграда и проширување на наставата во истата. Најпрво, беше изградена мини-спортска сала која адекватно ги задоволи потребите за одржување на наставата по фискултура. Во наредните години беа направени библиотеката и останатите училници. Во денешни услови, училиштето претставува модерна установа во која јосифовските ученици можат да се стекнат со квалитетно основно образование. НаставаВо училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.[2] Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia